Еве кога скопјани ќе имаат бесплатен јавен превоз!

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска ја разрешила од функција директорката на ЈП „Комунална хигиена“ Косана Мазнева-Николиќ, а на нејзино место го назначила Гоце Трајковски.
Мазнева-Николиќ за СДК.МК потврдила дека е разрешена од функцијата, но не знае зошто.
– Точно е, разрешена сум од функцијата директорка на претпријатието. За причините зошто сум разрешена треба да одговорат надлежните во Градот кои ги носат одлуките.

Фото фб
Не станува збор за мое повлекување, ниту сум побарала да заминам од претпријатието. Напротив, цел овој изминат период напорно работев за подобрување на состојбите и условите за работа на работниците, вели Мазнева-Николиќ.
Од Град Скопје засега нема официјална потврда за смената на директорката на „Комунална хигиена“.

Фото фб
Разрешувањето на Мазнева-Николиќ следува три месеци по протестот на дел од вработените во „Комунална хигиена“.
Таа беше назнечена од Арсовска за прв човек на „Комунална хигиена“ јули лани, откако беше разрешен дотогашниот директор Енуз Кока од Алијанса за Албанците.

Фото фб
Градоначалничката Данела Арсовска најави дека вгодина ќе воведе бесплатен автобуски превоз, а ЈСП „Скопје“ нема пари за плата и гравниот град пак може да остане без јавен превоз.
Арсовска во вторникот, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе го исполни изборното ветување за бесплатен автобуски превоз, рече дека во буџетот за наредната 2024 година ќе бидат предвидени пари за оваа намена.
„Најавувам дека од следниот буџет веќе го буџетираме бесплатниот јавен превоз за сите граѓани.

Фото фб
Ќе биде ставена и оваа одлука пред советниците кога ќе гласаат за буџетот во 2024 година“, рече Арсовска на увид на градежните работи за изградба на водоводод за седум населени места во Сарај.
Оваа нејзина изјава доаѓа само една недела откако советниците во Град Скопје не ја изгласаа одлуката за доделување субвенции на ЈСП од 1,8 милиони евра за да може да подели плата.

Фото фб
Секретаротот на Градот и најблизок соработник на градоначалничката, Зоран Глигоров, рече дека ако не се дадат овие пари, ЈСП нема да може нормално да работи.




