Убавата Нихан од „Карасевда“ живее во луксузна куќа од милион евра – погледнете го раскошниот дом на турската актерка
Не штедеше за нејзиното ново семејно гнездо
Познатата турска актерка Неслихан Атагул која што нашата публика ја запозна преку улогата на Нихан во хит серијата „Кара севда“, со својот сопруг и колега, Кадир Доулу, живеат во куќа од еден милион евра.
Како што пренесуваат турските медиуми, на младиот брачен пар од голема важност им е да имаат зеленило во опкружувањето, а истовремено да се наоѓаат во близина на самиот стар центар во Истанбул.
Затоа и одлучиле да купат имот на Зекеријакој, некогашно село што станало составен дел од Истанбул, каде од деведесеттите година на минатиот век се градат скапоцени вили меѓу кои е и нивната нова луксузна оаза.
Во овој дел од градот денес живеат исклучиво богати и познати личности, а дел од нивното царство погледнете во продолжение.
Младата турска актерка Неслихан Атагул која моментално ја гледаме во улогата на Нихан од серијата „Кара севда“, на телевизија Сител, досега имавме можност да ја запознаеме од улогите во повеќе серии.
Овој пат ја гледаме во нешто поинакво светло- како дама, за разлика од претходните улоги каде играше помало девојче.
Неслихан има 27 години и е родена во Истанбул како ќерка на возач и мајка домаќинка. Студиите по актерство ги завршува во Турција, а досега има освоено бројни награди во својата куса, но богата актерска кариера.
Во секоја улога таа воодушевува со секоја своја појава, па за неа велат дека ако не би била актерка, тогаш сигурно би успеала како манекенка. За разлика од љубовната драма која ја доживува во улогата на Нихан, на убавата актерка во реалниот живот и цветаат ружи на љубовен план.
Неслихан е во брак со турскиот актер Кадир Доулу, со кој претходно беше во врска од октомври 2013 година.
Двојката се сврши во ноември 2015 година, а свадба направија во месец јули 2016.
Еве како изгледаше нивната венчавка: