Реклама
Наши ѕвезди

Убавата водителка што ја сите гледавме во „Брза кујна“ никогаш не била посреќна – еве како изгледа нејзиниот ангел и инспирација

Реклама

Македонската водителка покажа кој е нејзин ангел и кој ја инспирира да биде сѐ поуспешна.

Александра Илиевска ја започна својата кариера уште многу млада, а македонската публика особено ја засака како водителка на единственото кулинарско шоу во земјава “Брза кујна”. Водењето на оваа емисија на Александра ѝ донесе огромна популарност, а и покрај тоа што веќе подолг период ја нема на малите екрани, публиката сѐ уште ја бара неа.

Маркетинг

Пред една година, таа преку социјалните мрежи соопшти дека се повлекува на кратко од водителството, но дека за тоа има прекрасна причина. Александра во тој период беше бремена со своето прво дете, па улогата на водител во емисијата ѝ ја препушти на Сања Савеска.

Фото: Инстаграм / Александра Илиевска

Александра повеќе се посвети на социјалните мрежи од кои исто така добро заработува.

Маркетинг

Во јануари оваа година водителката се оствари во улога на мајка и на свет ја донесе својата прва ќерка Сара.

Досега сѐ уште во јавност нема објавено фотографија со лицето од својата ќерка, но понекогаш споделува семејни фотографии на кои се гледа дека и таа и нејзиниот сопруг зрачат од среќа.

Фото: Инстаграм / Александра Илиевска

Александра беше од оние трудници кои навистина уживаа во бременоста. Се чини како воопшто да не доби вишок килограми и многу брзо по породувањето се врати во форма. Не престана да биде активна на социјалните мрежи и постојано ги информираше фановите како тече бременоста.

Таа откри дека и покрај пандемијата и новонастанатата ситуација поради коронавирусот, бременоста ѝ поминала одлично.

Фото: Инстаграм / Александра Илиевска

Водителката се породи на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, а породувањето го извршил д-р Горан Кочоски, кој ја следел целата бременост на водителката. Сопругот на Александра не присуствувал на породувањето, но како што самата изјави, уште само десет минути по породувањето веднаш му испратила фотографија од бебето на Александар.

Според објавите на Инстаграм може да се забележи дека Александра навистина ужива во новата улога. Секој момент го користи да отиде на прошетка со малата Сара. Максимално ги искористи убавото време и сонцето.

Фото: Инстаграм / Александра Илиевска

Она што сите го забележаа е тоа дека таа многу брзо по породувањето се врати во топ форма. Сега таа буквално зрачи. Освен што линијата ја доведе до совршенство, Александра воопшто не ја трга насмевката од лицето и ужива во секој момент поминат со својата ќерка.

Деновиве таа сподели нивна заедничка фотографија пред одење на прошетка.

„Таа е мојот ангел и таа ме инспирира да биде најдобрата верзија од себеси”, стои во опис на фотографијата.

Фото: Инстаграм / Александра Илиевска

 

Фото: Инстаграм / Александра Илиевска

Фото: Инстаграм / Александра Илиевска

Фото: Инстаграм / Александра Илиевска

Фото: Инстаграм / Александра Илиевска

Фото: Инстаграм / Александра Илиевска

Фото: Инстаграм / Александра Илиевска

Фото: Инстаграм / Александра Илиевска

Фото: Инстаграм / Александра Илиевска

Фото: Инстаграм / Александра Илиевска

Фото: Инстаграм / Александра Илиевска

Фото: Инстаграм / Александра Илиевска

Фото: Инстаграм / Александра Илиевска

Фото: Инстаграм / Александра Илиевска

Фото: Инстаграм / Александра Илиевска

Фото: Инстаграм / Александра Илиевска

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button