Турција во шоk: Дали љубовната приказна меѓу Шехерезад и Онур траеше само 1001 ноќ!?
Актерката Берѓузар Корел, позната на нашите простори како Шехерезад од мега популарната турска серија „1001 ноќ“ во март доби второ дете со актерот Халит Ергенч кого го паметиме по улогата на Сулејман.
Иако сите мислеле дека овие сопружници немаат никакви проблеми во бракот, зошто синот Хан ја пополни семејната идила, сепак изгледа дека не е така.
Повеќе турски медиуми, објавија дека сопружниците се одлучиле за развод на бракот.
– Не се согласуваат околу многу работи. Најлошо е што Халие не сакаше друго дете зошто се смета за премногу стар, а неговата сопруга го наговарала на тоа речиси две години. Кога останала бремена, бил пресреќен, но откако се породила, целосно му се посветила на детето и тој се нашол запоставено и заборавено. Одлучиле да се разијдат на неколку месеци, а после тоа ќе одлучат дали засекогаш ќе се разделат, рече извор близок до двојката. Наводно 50-годишниот Халит веќе почнал да се допишува со друга жена за која турските медиуми наведуваат дека е многу популарна и важи за една од најголемите актерски надежи во Турција.
-Му недостасува страст и жар, а сопругата го одбива. Едноставно, ја снема хемијата, таа воопшто не се труди тоа га го поправи, а тој има потреба како и сите други, додаде извор.
Многумина актерот го осудија поради ова и патем му упатија бројни негативни коментари.
– Да, најлесно е да се отиде кога е тешко и да се пронајде друга жена која ќе ги задоволи твоите интимни потреби и апетити. Многу бедно“, напиша една негова доскоро, верна обожавателка.