Турунџиева и Атиџе повторно заедно – пораката што стои под нивната фотографија треба секој да ја прочита и да се замисли …
Од ден во ден таа станува омилена на македонската јавна сцена.
Храбра и секогаш насмеана, Сузана Турунџиева важи за жена која е вистински борец.
Во последно време е доста активна на социјалните мрежи, а откако ја запозна хероината на „Медена земја“ таа не го крие воодушевувањето од неа.
Од денот кога за првпат се сретнаа, па се до денес Сузана и Атиџе Муратова се неразделни, а Сузе не крие колку е воодушевена од скромноста на Атиџе.
Дека друштвото на Сузе и годи и на Атиџе е повеќе од очигледно, а за тоа говори и трансформацијата на Атиџе.
Двете често одат заедно на фризер, а неодамна Сузана помогна и во разубавување на „насмевката“ на Атиџе, односно ја одведе на стоматолог.
Не само тоа туку помогна и во реновирање на нејзината куќа, а заедно снимија и песна.
Двете дами сега добија идентични часовници од „Божиновски“ направени само за нив во жолто-црна боја, а Сузе објави на својот Интсаграм профил.
-Еден од најголемите професионални предизвици впишан во моето работно портфолио е поврзан со периодот кога работев во најпрестижниот часовничарски бренд Божиновски …
Таму научив многу нешта поврзани со механизмот, прецизноста и карактеристиките на швајцарските часовници …
Научив зошто швајцарските часовници никогаш не излегуваат од мода и зошто се најбарани и поквалитетни од сите останати, а ми стана јасно и зошто (Не случајно) се вели: точен, како швајцарски часовник.
Покрај сè што научив (а искрено ми останаа уште многу лекции недоучени) научив и многу за карактерите на луѓето кои сакаат да купуваат скапи часовници …
Запознав пасионирани вљубеници во швајцарските часовници, многу колекционери на познати брендови, но и такви на кои им беше битно само да е часовникот скап. И да е бренд … А најчесто немаа однос кон времето …
На овие последните би им порачала:
-Џабе носите скапи часовници ако немате време за луѓето!-напиша Сузе позирајќи заедно со Атиџе во прегратка.
По ваквиот статус следеа многу позитивни коментари и неколку стотина лајкови.