Реклама
Вирално

Туристите кои први влегоа во Грција бесни на властите: Доаѓаш на море, а седиш во соба!

Реклама

Српските туристи кои овој викенд влегоа во Грција се пожалија дека на граничниот премин Кулата -Промахонас им рекле дека 24 часа не смеат да излегуваат од соба додека не ги добијат резултатите од тестовите за коронавирус.

Според објавите на Фејсбук, туристите велат дека сите државјани на Србија се тестирани при влезот во Грција и дека граничната полиција им зела податоци од пасошот и број на лична карта.

Маркетинг

Полицијата ги прашува за местото каде ќе отседнат туристите во случај да се утврди дека се заразени од новиот коронавирус.

Маркетинг

„На границата чекавме речиси еден час. На сите државјани од Србија (без исклучок) им е правен тест и им зедоа податоци од пасош и број на телефон. На крајот добивме информација дека во наредните 24 часа не смееме да излегуваме од собата, а во рок од 72 часа ќе стигнат резултатите и ќе ни кажат, дали некој е, не дај Боже, позитивен. Граничната полиција прашува за местото каде престојувате, напиша еден српски турист.

Неговата објава предизвика голем број коментари во кои се осудува ваквиот потег на грчките официјални лица.

„Одиш на море и седиш во соба… ужас“, напиша едно момче.

Сепак, изгледа дека тестирањата на граница не се толку ригорозни, за што сведочат и други членови од оваа група.

Имено, на влез во Грција се вршат тестирања по случаен избор, па големо мнозинство од туристите при обидот за премин на бугарско-грчката граница воопшто не даваат брис од нос и грло.

„Тестовите се прават по случаен избор, некого тестираат, некого не, доволно сте зрели да сфатите дека во прашање е чиста среќа. Но кога ќе почнат од први годишните одмори и тестови нема да има од 1. јули зошто оттогаш е најавено слободно движење, напиша друга корисничка на Фејбук.

По 1. јули дозволени се пристигнувања на копнените граници од Албанија, Северна Македонија и Бугарија. Проценка во однос на Турција до 30 јуни.

Сите посетители од воздух, копно или море, по пристигнувањето, ќе бидат подложени на тестирање по случаен избор. Откако ќе се тестира, патникот е слободен да продолжи до крајната дестинација. Во случај на позитивен резултат, ќе биде контактиран и ставен на 14-дневен карантин, а трошоците ги покрива грчката држава.

Се наведува дека врз основа на проценка ќе бидат признавани и резултати од молекуларен тест (направен во последните 72 часа пред патувањето)

На сите посетители им се препорачува да ја преземат апликацијата Visit Greece app (GDPR compliant) бесплатно пред или по пристигнувањето во Грција.

Посетителите треба да пополнат (препорачливо пред патувањето) формулар за „фактор за лоцирање на патници” (Passenger Locator Factor form (PLF) со нивните детали за контакт во Грција. Овој формулар може да се најде и во апликацијата Visit Greece, како и во хартиена форма за време на летот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button