Тажната љубовна сага на убавата турска актерка – по разводот и момчето ја остави пред олтарот

Кога не е на снимање, таа се наоѓа во некој од азилите за напуштени миленици затоа што ги сака животните

Асли Енвер домашната публика ја запозна по улогата на Суреја Дениз Боран од серијата „Истанбулска невеста”, што беше најголемата улога во нејзината кариера.

ADVERTISEMENT

Актерката со кипарско потекло Асла Енвер има 34 години и е една од најпопуларните турски актерки на сите времиња. Родена е во Лондон и живеела таму се до нејзината дванаесетта година. „Мојата баба шиеше униформи за англиската војска, па Британците ја викнаа во Англија. Таа отиде во Лондон со своите шест деца. Татко ми со мојата баба и браќата долго живееше во Лондон. Од друга страна, мајка ми беше едно дете, и кога заврши училиште, отиде во Лондон за да научи англиски и се сретна со татко ми, меѓу кои се роди голема љубов”, вели таа за турските медиуми.

 

ADVERTISEMENT

Асли дипломира на Универзитетот „Халич“ во Истанбул. Но искачувањето на тронот за неа не беше воопшто лесно, бидејќи се бори со дислексија, па за секој текст и треба повеќе време за да го научи. Во нејзината намера да стане актерка, многу и помогнала нејзината мајка.

Улогата во популарната серија „Истанбулска невеста” и ги отвори вратите за бројни улоги. Асли брзо дојде до ангажман со најпознатите турски актери како што се Озџан Дениз (Фарук од „Истанбулска невеста“) и Мерјем Узерли, популарната Хурем од „Сулејман Величествениот”.

 

Таа зад себе има неуспешен тригодишен брак со актерот и манекенот Биркан Сокулу. По разводот во 2015 година за турските медиуми изјави дека повеќе не верува во љубовта, но по некое време како да се предомисли.

 

Асли во моментот е во врска со 38 годишниот музичар Мурат Бозу. Иако ја остави непосредно пред венчавката, Асли сепак одлучи да му прости и да му даде втора шанса. Тие се запознаа на снимањето на турскиот филм „Мој брат“, а по долгогодишната врска одлучија да се венчаат.

 

Но пред да се случи венчавката, Мурат ја остави и избега во Мајами. Го промени и бројот на телефонот, а тоа го направил наводно поради нејзините љубоморни испади. Но тој неодамна побара прошка од неа за сето тоа што го направи, па убавата турска актерка реши да му даде втора шанса.

 

Кога не е на снимање, Асли се наоѓа во некој од азилите за напуштени миленици бидејќи ги обожава животните.

Facebook Comments
(Visited 83 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT