Трудница и манекенка од 137 килограми го шокираа модниот свет

Модната куќа „Chromat“ направи револуционерна ревија.

Овој бренд поставува нови стандарди за убавина и ги поместува границите

ADVERTISEMENT

На пистите модните парчиња од новата колекција на брендот „Кромат“ (Chromat) зад кој стои познатата дизајнерка Бека Мекарен Тран ги носеа трудници, албино девојки, жени на кои со мастектомија им се отстранети двете дојки, трансексуалци, „плус-сајз “манекенки меѓу кои и Тес Холидеј со своите 137 килограми која се прошета во фустан на кој пишува „sample size”.

„Sample size” е термин кој се користи во модната индустрија и се однесува на стандардните пропорции, кои за повеќето „нормални“ жени се премали. Во земјата на бизоните (САД) тоа најчесто се големини од 0 до 4, а еквивалент на овие мерки според европските стандарди се величините од 34 до 38.

Тес Холидеј носи 56-ка.

Исто така целата облека е направена од рециклиран материјал, а голем дел од колекцијата е сошиен од рибарски мрежи извадени од океаните.

Facebook Comments
(Visited 76 times, 1 visits today)