Три модели од новата колекција на Викторија Бекам што сакаме да ги имаме во плакарите
Новата колекција на Викторија Бекам
Познатата британска дизајнерка на Модната недела во Њујорк ја претстави својата колекција за есен-зима 2018. Поранешната „спајс“ девојка кога пред 10 години ги собра инвеститорите и прв пат ги претстави своите модели, ни не сонуваше дека нејзиниот бренд ќе стане еден од најбараните и најпознатите во светот. „Само сакав да го истакнам воодушевувањето од женското тело“ изјави таа за странските медиуми и додаде и дека и денес се води со истата мисла кога ги осмислува моделите. И благодарение на Инстаграм кој дополнително ја популаризираше високата улична мода, Викторија се најде на самит врв кога се во прашање едноставните, чисти кроеви кои можете да ги носите како во дневни, така и во вечерни изданија. Во новата колекција преовладуваат земјените и војничките бои, но и егзотичните дезени и по некој детаљ во впечатлива, жива боја. Модните додатоци како предимензионираните чанти и чевли во класичен облик со оригинален дизајн од крокодилска кожа ги воодушевија сите, а дефинираните кроеви ќе ја освојат секоја љубителка на едноставните елегантни комбинации, кои истовремено се и модерни и безвременски.
#1
Во продолжение погледнете кои се нашите три омилени модели, но и сите останати што ни се допаѓаат…
#2
#3
А еве ги и останатите >>
Па, што од ова ви се допаѓа, а што не?