Три децении помладата сопруга на Венсан Касел на црвениот килим покажа совршено тело, а не помина ни месец дена откако се породи
Манекенката Тина Кунаки се породи во средината на април, а блескаше на црвениот килим на Филмскиот фестивал во Кан.
На традиционалниот Кански филмски фестивал и оваа година можевме да видиме многу познати личности.
Тина Кунаки (22) на црвениот килим се појави со својот сопруг Венсан Касел (52) и заблеска во најдобро светло.
Француската убавица која во април ја донесе нивната ќерка Амазони, позираше во елегантен фустан и ја покажа совршената линија иако не помина ни месец дена откако стана мајка. Фустанот е со голи раменици и интересен детаљ од кадифе во пределот на градите и долгото здолниште, а егзотичната манекенка го носеше со децентна шминка и нејзината препознатлива виткана коса.
Да потсетиме, Тина и Венсан, поранешниот сопруг на Моника Белучи, се венчаа во август минатата година.