Три генерации на една фотографија – еве кое дете на ЕДНА ОД НАЈПОЗНАТИТЕ пејачки во Македонија целото е на баба!
Три генерации убавина и љубов.
Македонската пејачка Тамара Тодевска во последно време е сè поактивна на социјалните мрежи, но и се почесто има и настапи.
Таа одржа два големи концерти во Охрид, а потоа имаше и неколку настапи во скопските локали каде приреди вистинска забава на сите присутни.
Секако после напорна работа, заслужена е и мала пауза и поминато време со саканите, па Тамара заедно со својата мајка и децата Хана и Дарен прошетаа заедно, па седнаа да одморат во едно кафуле.
Тамара постави неколку фотографии на Инстаграм па веднаш започна дискусија кој повеќе личи на баба Брана.
„Дарен и баба исти, Хана убавица“ гласеше еден од коментарите.
Освен што Тамара ја наследила нејзината убавина, таа во една друга прилика пак кажа кој повеќе личи на баба.
„Еве на кого личи Хана“ – напиша тогаш Тамара под фотографиите од слаткото девојче со баба ѝ.
Инаку родителите на Тамара се разведени, а таа и нејзината сестра Тијана искрено зборуваа за разводот за српскиот магазин „Стори“.
„Разводот на родителите не обележа“ велат двете познати пејачки, а целата приказна ја има во печатеното издание на магазинот.
Во неколку наврати, Тамара има изјавено дека нејзината мајка Брана која е поранешна оперска пејачка и професорот по контрабас, а со нејзиниот татко Велко Тодевски останале во добри односи по разделбата.
Тамара во последно време доста работи на своето тело кое го доведе до совршенство, па се почесто го покажува во посмели комбинации.
Таа често објавува фотографии и видеа од теретана, а се чини дека напорните тренинзи и тоа како се исплатат.
Тамара пред неколку дена настапи во еден скопски локал, а текот на вечерта ја повика на сцената Антониа Гиговска, со која ја испеаа песната „Признавам“, оригинално изведена од сестрите Маријана и Росана.
„И. ете така спонтано и јас и Тамара Тодевска. Она си изгрме како и секогаш, јас ѝ правев друштво на една од нај нај легендарните песни на нашите драги Маријана и Росана. Секогаш ме поддржувала и од самиот старт верувала во мене. Те сакам сестра, така си се викаме „блескаш“ – напиша Гиговска.