Мака ви е од мрсните тави?
Еве еден генијален трик што ми го откри свекрвата, а со кој вашата тава ќе блеска и тоа со само две обични состојки.
Вашите тави повторно ќе блескаат ако го користите овој едноставен рецепт и го следите нашиот едноставен совет.
Можеби нема да ви се верува, но миењето и чистењето на тавата, откако ќе го изедете ручекот што сте го направиле, може да биде и многу едноставно.
Потребни ви се само две состојки како вашата извалкана тава повторно би блеснала и би го вратила стариот сјај, а тоа се – сода бикарбона и водород пероксид.
Постапка
Ставете сода бикарбона врз мрсните делови од тавата.
Попрскајте со водород пероксид (можете да го купите во најблиската аптека).
Додадете уште сода бикарбона.
Ваквата смеса оставете ја да отстои околу 2 часа. Потоа избришете со груб сунѓер или крпа и ќе се изненадите колку лесно се отстрануваат мрснотиите.
Доколку не сте сигурни како овие состојки ќе влијаат на садовите, најпрво тестирајте на мала површина.