Трендсетерките од цел свет НЕ престануваат да зборуваат за оваа чанта

Куглањето не било никогаш толку привлечно

Колекцијата од престижната модна куќа Прада за пролет/лето 2000 година беше една од оние кои го дефинираа овој моден период.

ADVERTISEMENT

Тогаш посебно внимание привлече чантата што беше претставена на ревијата – инспирирана од чантите какви во 50-тите години во Америка носеле во кугланите. Овој моден додаток за брзо време го достигна својот култен статус, па така за чантата „Bowling“ од „Прада“ одеднаш сите зборуваа, а набргу потоа и секој „хај-стрит“ бренд имаше своја верзија.

Овој модел и денес не е заборавен, па затоа редовно се распродава во секоја продавница каде што ќе се појави некој оригинален примерок.

И откако минатата година Диор ја врати во продажба својата чанта „Saddle Bag“ од сезона за пролет/лето 2000, на новата Ресорт 2020 ревија во Њујорк и Прада го направи истото со својот „Bowling“ модел.

На прославата на 20 роденден ја носеа актуелните топ модели како Џиџи и Каја, додека Жизел Бундхен носеше оригинална верзија.

Facebook Comments
(Visited 25 times, 1 visits today)