Тргнал накај работа, а пред автомобилот му застанало мало мече

Кога тргнал накај работа еден возач по стариот автопат во Загреб – Риека кај Купџак видел дека нешто стои на патот.

На прв поглед му се чинеше како парче од кадифе, но кога излегол од колата и се приближил, видел дека тоа е мече кое било старо околу месец дена.

ADVERTISEMENT

Тој побарал помош од ловечкиот тим Липов врв. И мечето веднаш беше ставено на безбедно место.

Тие претпоставуваат дека мајката на малото бебе се исплашила и го испуштила додека преминувала по поатот.

Малечкото мече ќе биде згрижено во зоолошката градина во Загреб, каде што ќе биде сместена со други мечиња на нејзина возраст и  ако сѐ е во ред, има шанса да се врати назад во шумата.

Благодарение на добрата реакција на возачот и брзата интервенција, малата мечка доби шанса да живее.

Facebook Comments
(Visited 945 times, 1 visits today)