Трансродовата пејачка се појави во тесно фустанче и направи лом – социјалните мрежи горат од ова нејзино издание (фото)
Трансродовата девојка Алина Јухарт од Словенија заедно со Срѓан Симиќ направија хаос во „Ѕвездите на Гранд“.
Симиќ се појави во шминка, долга коса и неочекуван, темен стајлинг додека Алина која што е најпознатата транс-родова личност што некогаш се натпреварувала во ова музичко шоу, носеше тесна црвена тоалета и се појави со руса коса, а нејзиното издание ги воодушеви сите.
Младиот пејач од Србија настапи со песна од Масимо Савиќ, додека Алина од Теодора Џехверовиќ и Нучи.
Кулминацијата настана кога Алина во еден момент му се придржи на Симиќ на сцената и направија одличен перформанс.
По овој настап, Симиќ доби пет, а Алина три гласови, но тоа не беше доволно, така што и двајцата мораа да заминат во бараж.
Инаку, Алина уште од првото појавување на грандиозната сцена привлекува големо внимание во регионот.
Таа и покрај тоа што овој пат доби жестоки критики од жирито, сепак од баражот успеа да помине во следниот круг.
Таа е во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, а поприлично привлекува внимание и со модните комбинации што ги носи.
Така беше и овој пат кога во тесниот црвен фустан блескаше на сцената, па сите се согласни дека никога не изгледала подобро.
„Подготвена сум на сé. Го живеам својот живот, чекорам по светот и ширам љубов. Ако некој може да му се спротивставува на тоа и во тоа да види нешто лошо, тоа не е до мене. Јас само сакам да го живеам својот живот нормално, да ширам позитивна енергија, на никој да не му пречам, и ако тоа некој не го прифаќа, јас сакам да го прифатам, бидејќи јас прифаќам се“, истакна Алина уште на самиот почеток од шоуто за „Гранд.онлајн“.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт
Во продолжение погледнете и како изгледаше Алина на претходниот настап…
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд