Трансродовата пејачка го украде шоуто во „Ѕвездите на Гранд“ – никогаш поженствена, нејзиниот татко со солзи на очите (видео)
Во последната емисија од „Ѕвездите на Гранд“ настапи и трансродовата пејачка Алина Јухарт од Словенија.
Алина доби три гласови, а другиот кандидат пет, со што и двајцата завршија во бараж, од каде словенската пејачка сепак успеа да се пласира во следниот круг.
Натпреварувачката од Словенија настапи во дуел со Кенан Аљуќиќ, а на сцената блескаше во елегантниот фустан. Таа носеше високи потпетици и целото издание го зачини со природна шминка така што блескаше на сцената и со самата своја појава едноставно го украде шоуто.
Но за разлика од Кенан таа имаше малку повеќе трема, што е и разбирливо по сето она што и се случи во изминатиов период.
Таа доби три гласови, а другиот кандидат пет, со што и двајцата завршија во бараж, од каде трансродовата пејачка сепак успеа да се пласира за во следниот круг.
Интересно беше и тоа што во оваа емисија за прв пат во јавноста се претстави и нејзиното семејство. Имено, во бекстејџот беа таткото, братот и снаата кои на младата пејачка и се најголема поддршка во животот.
„Ние се надеваме дека ќе помине во следниот круг, но најмногу во животот и посакуваме здравје, среќа и љубов“, порача нејзиниот татко пред камерите во бекстејџот со солзи на очите.
На крајот сите беа согласни дека Алина имала трема и не се претставила во најдобро светло заради преголемиот притисок што се создаде во врска со неа и нејзината животна приказна по првото појавување во јавноста. Но таа ќе мора со тоа да се бори до самиот крај и да поработи на своето пеење, за разлика од нејзиниот сценски настап кој изгледа светски.
Но без разлика што натпреварувачката овој пат потфрли и доби критики од сите кои пред се беа добронамерни, Александар Милиќ Мили е убеден дека таа ги поместува границите и дека му е потребна на ова шоу.
„Што се однесува до Алина, морав да го променам критериумот на гласање, и гласав за тебе затоа што мислам дека таа количина на оригиналност што ја донесе во ова шоу мораме да ја задржиме. Одвај чекам да те видам во следните кругови, мора тој твој внатрешен свет, немир, мир и енергија, тоа мора да излезе. Мораш да бидеш дваесет пати пооригинална и широка, и тогаш тоа ќе ги надмине овие техники недостатоци што ги имаш во пеењето, значи сето тоа дваесет пати подобро. Што се однесува до другиот кандидат, не се согласувам со Вики и Марија, за мене беше одличен, настапот ти беше одличен“, изјави композиторот за натпреварувачите.
Од друга страна Ана Бекута и препорача малку повеќе да го вежба својот глас, но и да го промени репертоарот.
„Мораш да го смениш репертоарот, да го бараш фазонот и песните што се фора и со кои ќе не забавуваш, а со тоа и ќе добиеш гласови од нас. Ти не можеш да ги пееш песните на Милица Павловиќ или на оваа другата“ и порача Ана, по што свој коментар даде и Ѓорѓе Давид кој сигурно и беше повеќе од потребен, посебно за во баражот, од каде Алина сепак успеа да помине.
„Ти ненормално му требаш на овој натпревар, ти си некој што е во времето и просторот, во 21-от век ти се случуваш во ‘Ѕвездите на Гранд’ и тоа е добро. Насмевка на твоето лице и терај понатаму, за мене ти се веќе ѕвезда“, и порача Ѓорѓе, па следуваше заклучокот на Цеца.
„Јас немам ништо да ти замерам, потполно те разбирам и поддржувам. Што се однесува до сценскиот настап беше за десетка, ќе поработиме на останатите фалинки да ги поправиме и исправиме, јас сум горда на тебе“, и порача популарната фолк пејачка.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Целата емисија погледнете ја на крајот од галеријата…
Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт
Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт
Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт
Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт
Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт
Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт
Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт
Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт
Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт
Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт
Извор: Гранд.онлајн, Гламур