Мексиканскиот фудбалер Диего Чавез (28) загина во средата наутро, на Денот на вљубените, во сообраќајна несреќа во татковината!
Advertisement
Последен негов клуб беше Хуарез, за кого популарната „Пума“ минатата сезона одигра 46 натпревари и постигна три гола. Токму овој мексикански клуб ја извести јавноста дека Чавез е мртов.
Со длабока тага ја известуваме целата заедница на Хуарез дека нашиот играч Диего Пума Чавез загина рано наутро на 14 февруари во сообраќајна несреќа – се вели во соопштението, додека медиумите пишуваат дека тој со својот автомобил удрил во столб на раскрсница.
Во 2015 година Чавез излезе на големата сцена и играше за Веракруз.
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .