ТРАГЕДИЈА: Пациент излегол од возилото на Брза помош на автопат, друга кола го усмртила
Голема трагедија се случи пред неколку часа на автопатот Белград-Ниш на излезот за рудниците Алексинац. Во тешка сообраќајна несерќа животот го загуби едно лице.
Српските медиумои известуваат дека се работи за машко лице кој бил затвореник. Тој излегол од возилото на Итната медицинска помош додека се движеле на автопат и друго возило удрило во него, по што го загубил животот на лице место.
„Починатиот е лице лишено од слобода. Засега не се знае дали се работи за осудено лице или приведено или. Се утврдува и дали затвореникот бил на преглед, операција или бил пренесен на вештачење. Дали се работи за обид за бегство или скокот се случил под други околности, ќе дознаеме по истаргата – пренесува српски Инфромер.
Маркетинг
На местото на несреќата дошло до застој во правец на Ниш, а патниците известуваат дека на терен се полицијата и итната помош.