Тошиќ си замина, неговите ќерки ќе го поминат Велигден без татко – фотографија што на многумина ќе им го скрши срцето
Поп-ѕвездата Јелена Карлеуша покажа како изгледа празничната атмосфера во нејзиниот дом на Велики петок.
Популарната пејачка Јелена Карлеуша покажа како изгледа нејзиниот дом за Велигден и дека целата декорација е направена по мерак на нејзините ќерки.
Популарната пејачка најпрво објави снимка од трпезариската маса во нејзината луксузна вила на која се гледа празничната декорација. Во преден план е големото златно јајце на кој е зајачица со долга руса коса за која многумина коментираат дека потсетува на пејачката која само неколку часа претходно објави слични фотографии.
Покрај зајачицата, на масата има и шарени колачиња, но и чоколадни слатки кои сигурно ќе ги израдуваат нејзините ќерки.
Јелена го сними и скапоценото шампањско со ЈК натпис направен од мали светкави каменчиња.
Од фотографиите можеме да видиме дека балканската поп-дива ужива да го декорира својот дом за празниците, посебно што тоа ги прави среќни нејзините ќерки Атина и Ника, кои најмногу уживаат во овие посебни денови.
Семејниот дом на пејачката и порнешниот фудбалер е вистинска оаза на убавина и љубов за секој Велигден кога Карлеуша се обидува на своите ќерки да им приреди најубавата бајка за најрадосниот христијански празник. Сепак, како и минатата година, кога сопругот на Јелена, Душко Тошиќ, заради своите работни обврски беше отсутен, најверојатно и ова година ќе поминат без него.
Имено Душко се огласи на својот профил на Инстаграм од една тропска дестинација каде замина заради работа, па изгледа дека и оваа година ќерките на Карлеуша празникот ќе го поминат без својот татко.
Дали тој ќе успее на време да се врати и празникот да го помине со своите најмили, останува да видиме.
БОНУС ГАЛЕРИЈА
Карлеуша некогаш и сега
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша