Реклама
Наши ѕвезди

Тоше Проески ќе ја добие својата прва улица во Србија

Реклама

Едно село во општина Панчево во Србија одлучи една улица да ја крсти по покојниот македонски пејач Тодор Тоше Проески.

Имено, улицата во селото Јабука кое се наоѓа во непосредна близина на Белград ќе го носи името на познатиот македонски пеач – 12 години по сообраќајната несреќа кај Нова Градишка во Хрватска каде Тоше го изгуби животот.

Маркетинг

И тоа е прва улица во Србија која ќе го носи името на нашиот пеачки маестро од Крушево, пренесува Блиц.

Предлогот е испратен до Собранието на градот Панчево и се очекува да биде усвоен од пратениците.

Маркетинг

Инаку, воопшто не е случајно, бидејќи во Јабука живеат голем број Македонци кои сакаат на овој начин да му се одолжат на Тоше.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button