Тоше како да знеше дека нешто лошо ќе се случи – неговите последни зборови и денес будат морници (видео)
На денеше ден Тоше Проески го изгуби својот живот
Целиот Балкан беше во шок кога се случи несреќата
Тоше Проески почина на 16 октомври 2007 година во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот во Хрватска.
Тоше тогаш имаше 26 години, но веќе беше со неверојатно успешна кариера зад себе така што оваа вест го потресе целиот регион.
Неговата ненадејна смрт ги шокираше не само неговите најблиски, туку и сите негови колеги и фанови од целиот регион.
Принтскрин/ Јутјуб
Тоше покрај тоа што беше сакан како неверојатно талентиран пејач, тој ги освојуваше сите и со својата топлина и скромност.
Принтскрин/ Јутјуб
Беше најмладиот пејач кој без проблем можеше да ја наполни белградската Арена, а беше и првиот странец што победи на Хрватскиот радиски фестивал, што зборува за тоа колку Тоше го сакаа и надвор од Македонија.
Неговите песни и денес се големи хитови и се слушаат во целиот регион, од Триглав до Гевгелија, а имаше голем број обожаватели и во сите останати балкански земји кои го почитуваа неговото дело.
Принтскрин/ Јутјуб
Најголемата љубов на Тоше
По неговата смрт, остана голема болка која многумина и денес ја чувствуваат, а посебно кај оние што беа блиски со него.
Една од нив е и Андријана Будимир која во јавноста беше позната како најголема љубов на нашиот славеј кој прерано си замина.
Инстаграм/ Андријана Будимир
Тие беа во врска три години, па заради обврски и раздвоеност се разделија, за да во јануари 2007 година повторно ја обноват врската.
И како што тогаш пишуваа медиумите, Тоше својата последна СМС порака ја испратил токму на неа, непосредно пред смртта.
„Принцезо моја единствена, спиј убаво, јас ќе те чувам во сонот. Сé има смисла откако повторно си во мојот живот, те сакам“, пишува во пораката.
Принтскрин/ Јутјуб
Потсетуваме, Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во страшна сообраќајна несреќа што се случи во Хрватска.
Покрај неговата последна СМС порака која што ја има испратено до својата најголема љубов во животот, а за која што тогаш пренесуваа медиумите, големо внимание предизвика и неговиот последен разговор и тоа со една наша позната пејачка.
Имено, Елена Ристеска беше последната личност со која Тоше се слушна преку телефонот пред да замине на кобното патување.
Како што самата Елена откри, тие постојано се слушале и Тоше со неа разговарал за сé, па дури и кога бил на турнеја во Австралија.
Тие се слушнале и кобната ноќ пред да замине за Хрватска, а Елена е убедена дека тој како нешто да претчувствувал дека ќе се случи нешто лошо. Имено, Тоше на крајот од разговорот и кажал дека ќе се видат за неколку дена, но потоа длабоко воздивнал пред да и каже: „Ако даде Господ“.
Утредента кога нејзината мајка и ја соопштила страшната вест, Елена во шок се присетила на нивниот разговор и овие негови зборови нема никогаш да ги заборави, раскажа пејачката во една пригода.