Рецепти

Топ 3 смутија по кои ќе се чувствувате клако да имате супермоќи

Реклама
Реклама

Тешко е да се храните здраво без претходно да се подготвите и без да имате добар план.

Неподготвеноста и не размислувањето кога одите да купувате храна од супермаркет или пазар со која ќе се обезбедите, често ќе ве доведе до тоа, по напорниот ден кога изморени ќе се вратите дома од работа или факултет, да посегнете за инстант решение и да го свртите меморираниот број во вашиот паметен телефон (така ќе направите сé, само НЕ и нешто паметно) и да нарачате брза храна од ресторан или сендвичара.

Маркетинг

Токму затоа за денес за вас имаме издвоено четири супер брзи и здрави рецепти со кои ќе направите здрави и вкусни смутија кои ќе ви бидат вистинска енергетска бомба. Можете истите дури и да го однесете со вас на работа. Заборавете на смутијата купени во продавница покрај автобуската станица. Отсега правете ги и пијте ги само вашите смутија.

Какао смути

Постојат денови кога навистина не сакаме да ја убиеме нашата желба за чоколадо. Овој пијалак ќе можете да го пиете без да имате грижа на совеста. За да го направите користете банани, бадемово млеко, грчки јогурт од ванила и какао. Процентот на намирниците нека биде по ваша желба.

Маркетинг

Тропско смути

Барате нешто што потполно ќе ве освежи? Тогаш земете ананас, манго, банана и некое црвено овошје (јагоди, малини или боровинки). Додадете јогурт и добро промешајте.

Wellness Wake Me „Smoothie“

Дали сте под стрес? Немате енергија? Чувствувате замор? Тогаш оваа велнес напивка е совршена за вас! Богатите состојки ќе го стимулираат вашиот имунолошки систем, а кајенскиот црвен пипер ќе ви даде дополнителна енергија што ќе ви го олесни денот. Дајте му на вашето тело она што му е потребно за да се чувствувате добро, така што преку целиот ден ќе бидете полни со енергија и сила.

 

Ви треба вода од кокос, замрзнат ананас, свеж ѓумбир, свежо цеден лимонов сок, малку мед, куркума, кајенска пиперка.

Па, пријатен апетит.

 

Фото: Unsplash

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button