Топ издание на познатата холивудска актерка – Анџелина Џоли изгледа неверојатно добро во овој бел фустан со шик модни додатоци
Познатата актерка во шик издание
Познатата холивудска актерка е љубителка на класичните модни комбинации што и стојат совршено. Таа не се откажува од своите минималистички изданија, а бидејќи не сака премногу да експериментира најчесто се држи до проверените комбинации кои најчесто се во неутрални бои, елегантни фустани, женствено костуми и капути кои обично ги подига со моќни чанти и високи потпетици.
Таа во едно такво издание заедно со своите деца, Шилох и Захар беше на роденденска прослава во Брентвуд. Таа носеше долг бел фустан со „ретро“ крој кој го подигна со два моќни детали – кафеава кожена чанта и ремен во иста нијанса.
Џоли косата ја подигна во опавче, а целото минималистичко издание го заокружи со очила за сонце и рамни папучи.
Инаку, неодамна актерката својот 18 годишен син Мадокс кој го посвои од Камбоџа како мало момче, го испрати во Јужна Кореја да студира факултет. Таа заради тоа одвај ги задржа солзите. Нејзиниот син одлучи да студира биолошки инженеринг на Универзитет во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, каде тој ќе помине неколку години, а ќе живее во дом заедно со останатите студенти.