Ти посакувам се најдобро и благослов од Бога – пејачот Ѓоко Јовиќ со ЕМОТИВНИ ЗБОРОВИ и го честиташе роденденот на Теодора
Пејачот се огласи со емотивни зборови за неговата наследничка
Познатиот македонски фолк-пејач Ѓоко Јовиќ и неговата сопруга Ивана се потрудија на нивната ќерка Теодора овој ден да и го направат незаборавен.
Ќерката на Ѓоко Јовиќ славеше роденден, а пејачот по тој повод се огласи на социјалните мрежи.
Имено, тој сподели фотографија со својата наследничка и со емотивна порака и го честиташе роденденот.
„Среќен Роденден душиче на тато, ти посакувам се најдобро и Благослов од Бога“, напиша пејачот додавајќи неколку срциња во пораката.
Сигурни сме дека гордиот татко нема да и одолее на својата единствена ќерка да и ги испее омилените песни, а нивната емотивна, заедничка фотографија ги разнежни неговите бројни фанови на социјалните мрежи.
Ѓоко потоа сподели и една фотографија од најновиот член во нивното семејство кој пристигна пред само неколку недели.
„Цели два месеци ја чекав оваа насмевка“, напиша Ѓоко споделувајќи фотографија од неговиот наследник Дарин.
Покрај Дарин и Теодора, Ѓоко и неговата сопруга Ивана имаат уште двајца синови – Михаил и Јоан кој пред Дарин беше најмалиот Јовиќ.
Инаку Теодора го има наследено талентот од својот татко, па така на Јутјуб Ѓоко во една пригода, кога та имаше само 11 години, објави како неговата ќерка ја пее песната „На велигден сум се заљубил“ и ги воодушеви сите.
Тој неколку пати има истакнато дека неговите деца се талентирани за музика, но и дека со сопругата отсекогаш сакале големо и среќно семејство, а ова нивнат најголема желба Бог очигледно им ја исполни.
Куферот на хуманоста
Инаку Јовиќ како и сите останати членови од неговиот Енерџи бенд се познати како хумани луѓе. Тие не ретко знаат да го прекинат својот настап, и да го извадат нивниот „хуман ковчег“ во кој собираат донации за луѓе на кои им е потребна помош. Како што самиот изјави во една пригода, тој никогаш не помислувал дека она што го прави со колегите, ќе предизвика толкав интерес во јавноста.
„Целото внимание и благодарност според мене, му припаѓа на Бог, јас само го правам тоа што најдобро го знам и умеам – пеам. Кога веќе сум во таа позиција да можам да го поттикнам народот на хуманост и добрина, нормално е дека ќе го правам тоа“, изјави Јовиќ за Фокус во една пригода.
Како што самиот вели, тој е голем верник, и Бог му дал дарба за музика, па како таков сака да им помага на луѓето.
„По настап им носам на луѓето за кои сум пеел таа ноќ по 500, по 800 евра, колку се собрало – толку. Не можам да ви ја опишам нивната благодарност, посебно поради тоа што често се работи за луѓе чии месечни примања се дури и за неколку пати помали“ вели тој за Фокус.
Што се однесува до куферот на хуманоста, како што го нарекува публиката, всушност станува збор за куферите во кои што тој и момците од неговиот бенд ги носат инструментите, па оној што прв ќе им дојде при рака, го ставаат на бина отворен за донации. И како што вели самиот пејач, тој е пресреќен што Македонците се хумани луѓе и секогаш подготвени за помош, без разлика дали настапува кај нас или во дијаспората, каде важи за еден од омилените пејачи.
Во продолжение погледнете ја и новогодишната магија во семејството на Јовиќ и како пејачот ужива кога е со своите најблиски.
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
в
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ