‘Ти благодарам Господе!’ Голема радост во домот на Борко – неговата сопруга Нина никогаш не била посреќна
Нивниот син во прв план, сите ги разнежија со објавата

Нина Ристовска (32), сопругата на Борко Ристовски, сподели на социјалните мрежи дел од прославата што ја направија во нивниот дом.
Имено, Нина сподели неколку фотографии на кои е нејзиниот син Душан, за кого овој ден беше навистина посебен.
„Душан е прваче. Гордост моја најмила. Да си среќен, да си ми жив здрав и умен, сега заедно ќе растеме низ твоите училишни денови. Лавче мое мало“, напиша дизајнерката во описот на фотографиите.
Инстаграм/ Нина Ристовска
Следуваа бројни честитки од нејзините пријатели и следбеници, а Нина потоа сподели уште неколку фотографии.
Инстаграм/ Нина Ристовска
Но овој пат на фотографиите е и нејзиниот сопруг Борко како го држи во прегратки првачето, но и неговата сестричка.
Инстаграм/ Нина Ристовска
„Љубовта не може да се изглуми… Татко“, напиша Нина под овие фотографии и ги воодушеви своите бројни следбеници.
Инстаграм/ Нина Ристовска
Потсетуваме, Нина и Борко се во брак од 2018 година, додека свадбената веселба ја направија во јануари следната година.
Инстаграм/ Нина Ристовска
Покрај синот Душан кој го доби името по таткото на Борко кој е починат, тие ја имаат и ќерката Анастасија која се роди на 31 јануари минатата година, на празникот Свети Атанасиј, па името си го доби по овој светител.
Тоа дека Нина и Борко негуваат голема љубов и дека еден за друг претставуваат голема поддршка во животот на сите им е познато.
Инстаграм/ Нина Ристовска
И двајцата често знаат да изразат емотивни зборови преку социјалните мрежи, како и фотографии од нивниот приватен живот од кои може да видиме како уживаат во брачниот живот.
Некои од нив погледнете во продолжение…