Реклама
Холивуд

Тинејџер во Шкотска силувал и убил шестгодишно девојче. И нанел 117 повреди

Реклама

16-годишното момче е прогласено за виновно за киднапирање, силување и убиство на шестгодишната Алеша Макфаил, објави Би-Би-Си .

Семејството го пријавило исчезнувањето на малото девојче  на 2 јули минатата година, а полицијата на островот Бут, западно од Шкотска, го пронајде нејзиното голо безживотно тело истиот ден.

Маркетинг

Алеша претрпела 117 повреди и починала од силен притисок врз лицето и вратот.

Била на летување кај дедо и баба

Тинејџер, кој не може да биде именуван бидејќи е се уште малолетник, беше прогласен за виновен по деветдневниот судски процес во судот во Глазгов.

Маркетинг

Алеша беше со својот татко и неговата девојка на тринеделен одмор на островот Бут, во станот на нејзините баба и дедо.

Едно утро, само неколку дена откако дојдоа на одмор, не слушнале  дека Алеша станала од креветот. Па така тргнале да ја бараат, па наскоро тие го пријавија исчезнувањето во полицијата.

Полицијата го пронашла телото на девојчето на местото каде што се наоѓал хотелот.

Мајката на убиецот го пријавила својот син

Мајката на убиецот пријавила во полиција откако ги видела видеата на двете камери за надгледување поставени во семејниот дом  на кои се покажало како тој три пати доаѓа  и го напуштил местото помеѓу 01:54 и 04:07 наутро.

ДНК на еден млад човек беше пронајдена на телото на Алеша и на облеката која ја носела пред да легне да спие.

https://www.facebook.com/thescottishsun/posts/2443305589037261

Момчето купувало марихуана од таткото на Алеша

Судиите слушнаа дека тинејџерот купувал марихуана од таткото на девојчето, Роберт Макфаил, но пред 5 месеци тие се скарале бидејќи тој имал неплатен долг од 10 фунти.

На почетокот на судењето, тинејџерот за убиството на девојчето ја обвини девојката на таткото на Алеша бидеќи осумнаесетгодишната девојка била последниот човек што ја видел малата Алеша жива.

Таа негираше дека имал врска со злосторството.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button