Тие се нашите херои за оваа недела – Боби го освои златото и стана ЕВРОПСКИ ШАМПИОН, а Викторија се врати со бронзен медал
Македонецот Бобан Илиоски го победи Бугаринот и стана европски шампион…
На патот кон златниот медал нашиот кик-боксер Бобан Илиоски забележа идентични победи над Мартин Лоренц од Чешка и Борна Манојловиќ од Хрватска.
Бобан Илиоски, од кик-бокс клубот Шампион и репрезентативец на Македонија, стана европски шампион во кик-бокс.
Илиоски беше најдобар во категоријата лоу кик до 86 килограми и со победата над Бугаринот Христо Калајџиев, и тоа со резултат од 3:0, го освои златниот медал.
Првенството се одржа во Анталија, Турција, а Илиоски за краток период има уште една професионална борба на Сенши, уште еден престижен турнир и повторно против кик-боксер од Бугарија, Едурд Алексијан.
На патот кон златниот медал нашиот кик-боксер Бобан Илиоски забележа идентични победи над Мартин Лоренц од Чешка и Борна Манојловиќ од Хрватска.
Како што вели селекторот на репрезентацијата Дејан Митровски-Урко за оваа борба биле подготвени и целосно ја промениле тактиката. Македонскиот репрезентативец се бореше поразлично од сите негови претходни борби и со новата стратегија успеа да го освои златниот медал.
Инаку, ова е втор медал за нашата репрезентација на Европското првенство откако Викторија Варадинова го освои бронзениот медал.
Викторија во полуфиналето загуби од унгарската кик-боксерка Николет Мезеи и го освои престижното трето место.
Треба да се напомене дека и двајцата имаа силна поддршка од трибините, што беше и нивна дополнителна мотивација за успех.
Фото: Фејсбук/ Викторија Варадинова
Фото: Фејсбук/ Викторија Варадинова
Фото: Фејсбук/ Викторија Варадинова
Фото: Фејсбук/ Викторија Варадинова
Фото: Инстаграм/ Бобан Илиоски
Фото: Инстаграм/ Бобан Илиоски
Фото: Инстаграм/ Бобан Илиоски
Фото: Инстаграм/ Бобан Илиоски
Фото: Инстаграм/ Бобан Илиоски