Реклама
Наши ѕвезди

Тие заедно ја победија короната: Милица и Славица Чуктераш повеќе од 20 дена се бореа со болеста, еве како

Реклама

Милица Тодоровиќ и Славица Чуктераш заедно го поминуваа времето во изолација откако и двете дознаа дека имаат коронавирус.

Неодамна пејачките и другарки соопштија дека конечно, по 21 ден оздравеле. Милица сега првпат по оздравувањето проговори за медиумите и откри како сега се чувствува.

Маркетинг

„Добро сум, фала на Бога и психички и физички. Помина, ама беше тешко. Овој вирус воошто не треба да се занемари, едно 20 дена ме држеше. Кога гледам луѓе како не ги почитуваат сите мерки, многу се нервирам. Морам да признам дека ни јас не верував, дури и кога го добив тестот дека сум позитивна, зошто не чувствував ниту еден симптом. Потоа ме фати температура, малаксаност, па се ме болеше, па одев од една во друга болница, и тогаш се исплашив“, рече Милица.

Пејачката раскажа и како дошло до тоа таа и Славица да бидат заедно во изолација, како и што правеле заедно затворени.

Маркетинг

„Се случи јас и Славица да сме позитивни во исто време. Таа остана кај мене во Белград, да не го пренесе вирусот на мајка си и на детето. Убаво се дружевме, малку се смеевме, плачевме, имаме многу снимки. Најголем страв е додека ги чекаш резултатите. Најтешко е кога го гледаш тој прозорец, кога луѓето доаѓаат, што им соопштуваат, јас почнав да плачам кога ги видов“, рече таа и им порача на сите да водат сметка.

„Навистина беше чупаво, фала на Бога што е сето тоа зад мене, треба да се води сметка. Воопшто не е наивно, се чувствувате како некој да ве тепал, до изнемоштеност, ве боли глава, имате температура. Тоа го подразбирам под чупаво. Сакам да апелирам до сите да водат сметка, да носат маски, да се придржуваат до сите мерки и само така ќе може да се зачуваме“, рече Милица на крајот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button