Те сакам и кога ќе ја згрешиш химната – Тамара Тодевска ја сподели НАЈМРДНАТАТА честитка што ја доби за роденденот (фото)
Познатата македонска пејачка имаше причина за славење, а честитки пристигнуваа од сите страни.
Тамара Тодевска на Инстаграм сподели еден куп честитки кои нејзините пријатели, роднини, фанови и соработници и ги испратиле, но сепак откри која ѝ е најдрага.
Тамара на Инстаграм објави и фотографија, па напиша најубавиот роденденски подарок, па со оглед за тоа дека се работи за Хана се разбира дека никој нема да и замери што нејзината честитка и се допана најмногу.
На сите ни е познато дека Хана има свој Инстаграм профил, па таа и таму постираше виде на кое ѝ пее на мама Тамара и со песничка и го честиташе роденденот.
Тамара заедно со своите деца го прослави роденденот и заедно ги дувнаа свеќичките со броики кои покажаа колку години наполни Тамара.
Имено, пејачката го прослави својот 36 роденден. По тој повод, таа дуваше роденденски свеќички со број 36.
Во низата пораки кои Тамара ги сподели на кусите приказни на Инстаграм, беше и порака од нејзината добра ријателка Миа Костова. Тие двете освен што се блиски пријателки, неодоливо потестуваат една на друга, речиси како сестри близначки што не заборави да го спомене и познатата инфлуенсерка.
„Те сакам и кога ќе ја згрешиш химната и кога ќе ми пишеш во 8 и 15, ‘ви како те“, те сакам на сцена и кога не си за сцена. Те сакам дека имаме слики кога не се знае кој е кој на сликата. Те сакам дека си најмајка и те сакам кога те мразам дека пееш. Среќен роденден близначке. Ако се префарбаш те убив“, пишува Миа во честитката.
Честитка следеше и од нејзината родена сестра Тијана која исто така и напиша кратка порака, но и од манекенката Катерина Ивановска која исто така важи за една од најблиските пријателки на Тамара со која направија и идентични тетоважи .
Тамара важи за посветена мајка и покрај работните обврски, па често на социјалните мрежи споделува видеа и фортографии од времето поминато со своите две деца Дарен и Хана.
Толму на Хана пред месец дена и беше роденден, а мама Тамара и приреди забава како од бајките.
Хана наполни пет години, а како и секое девојче на нејзина возраст тортата беше во форма на еднорог, а таа облечена во фустанче со тул.
Покрај Хана мама Тамара блеска од среќа, а тато Александар – Мачка беше задолжен за малиот и пресладок Дарин.
Тогаш Хана доби и пињата која беше преполна со слатки изненадувања за да се радува на нив со своите другарчиња.
Дека љубовта помеѓу Тамара и Хана е силна сведочи и песната „ Proud“ со која Тамара не претставуваше на Евровизија во 2019 година, а песната ја посвети на својата ќерка Хана.
Огромна популарност и бура реакции Тамара стекна баш со овој настап на Евровизија и го освои седмото место, а по фестивалот се здоби со голема популарност во целиот регион.