ТЕРОРИСТИТЕ ПОКОСИЛЕ ДЕТЕ (8) ДОДЕКА БЕГАЛЕ ОД МОСКВА Се огласи таткото Игор: Со полна брзина намерно налета на нас!
„Мојот син се здоби со трауматска повреда на мозокот, скршена клучна коска и скршен колк.
Терористите со автомобил прегазиле осумгодишно момче кога бегале од „Crocus City Hall“ во близина на Москва.
Игор, татко на повреденото дете Иле, рече дека на концертот отишле со целото семејство – тој, сопругата, 11-годишната ќерка и синот.
– Кога почна пукањето, успеавме брзо да излеземе од салата. Најпрво сакавме да се скриеме во тоалетот, но се предомисливме во последен момент. Сега сфаќаме дека ова беше вистинската одлука. Внимателно го изведов семејството надвор од зградата, и истрчавме на улица.
– И токму кога помислив дека сме безбедни, го видовме истиот тој автомобил Рено како со полна брзина брза кон нас и намерно налета на нашиот син и го соборува.
– Автомобилот делумно ме удри мене и ќерка ми и добивме помали модринки. Мојот син се здоби со трауматска повреда на мозокот, скршена клучна коска и скршен колк. Лекарите засега не даваат никакви прогнози.