Татјана Стојановска од неа ја наследила УБАВИНАТА – еве како изгледа МАЈКАТА на нашата најубава водителка
Македонската Моника Белучи, жената чиј лик го глдаме секојдневно на малите екрани, ТВ презентерката Татјана Стефановска важи за една од најубавите жени на нашата јавна сцена.
Во петтата деценија од животот мора да се признае дека Татјана изгледа подобро од било кога. За оваа водителка годините се само бројка и ништо не ѝ можат.
Својата кариера ја започна во далечната 1992 година кога победи и ја освои титулата Мис Македонија, а потоа и Мис Планета во соседна Бугарија.
Она што може да се забележи е дека Татјана минимално се има изменето од почетокот на кариерата досега. Ретко експериментира со изгледот, промени кај неа може да се забележат само во должината на косата.
Во 1999 година дипломирала на Економскиот факултет на УКИМ, а бидејќи нејзиниот син тогаш се уште бил мал, не планирала да продолжи на постдипломски студии. Тоа ќе го направи речиси 15 години подоцна, односно поточно во 2013, кога магистрирала човечки ресурси.
Неколку години беше во брак со фолк-пејачот Благоја Груевски со кој го имаат синот Матеј.
И покрај разводот пред повеќе од една деценија, тие останаа во добри односи, комуникација и пријателски расположени еден кон друг.
Она што најмногу ги врзува е нивниот син, кој порасна во прекрасно момче.
Често на социјалните мрежи спикерката знае да потенцира дека нејзиниот син е нејзината гордост.
Матеј исто така е близок со својот биолошки татко, но и со со неговиот полубрат, детето на пејачот од неговиот втор брак. Иако имаат само заеднички татко, тие се како вистински браќа.
Татјана по бракот со Благоја повеќе никогаш не се омажи, но со својот партнер Михаил Китановски со кој е заедно веќе 8 години, како што вели самата, живеат како во брак.
Во интервју за „Женски магазин“ откри дека се запознале на одмор во Турција пред 8 години и полека нивната пријателска дружба преминала во сериозна врска.
Како што самата вели во ова свое интервју, со Михаил ја врзува искрениот однос и заедничките интереси, како и грижата еден за друг, поддршката и пред се љубовта.
„Секогаш велам дека е важно ако го најдеш вистинскиот човек, вистинскиот партнер. Не е важно дали е тоа брак или заедничко живеење, како што јас пет години сум во една таква релација на заедничко живеење и без потпис“ изјави Татјана пред неколку години во емисијата „Бекстејџ“.
„Живееме како брачни партнери заедно со Михаил. Клучот на заедничкото живеење е сето тоа меѓусебно почитување што треба да се воспостави. Тоа е сѐ она кое што дава успех, без разлика која е формата и релацијата на врската“, изјави Татјана тогаш како гостинка во естрадниот магазин.
Водителката ретко споделува фотографии од приватноста, но понекогаш знае да изненади и да ги почести фановите со интересни објави. По повод 66-от роденден на нејзината мајка таа сподели нивна заедничка фотографија во чиј опис напиша „Среќна да си ми“.
По фотографијата може да заклучиме дека гените за убавина, водителката дефинитивно ги наследила од својата мајка.
Татјана плени со својот глас, отменост и изглед на кој може да позавидат и помладите колешки.
Нејзини фотографии погледнете во продолжение: