Татко ги потроши парите од донацијата за неговиот тешко болен син (2) на пиење и жени – момчето НЕ успеа да преживее
Двегодишното момче кое се бореше со неуромускулна болест ја изгуби битката пред две недели во Бразил.
Три месеци претходно неговиот татко беше уапсен бидејќи наводно ги украл парите што ги собирале за негово лекување и ги потрошил на пиење и забави.
Малиот Хоао Мигел Алвес замина кај ангелите на 17 октомври по долгата и мачна борба со спинална мускулна атрофија.
Неговиот татко, Матеус Енрике Лерој Алвес (37) беше уапсен пред неколку месеци, односно на 22 јули, една недела откако го пријави неговата сопруга. Беше пронајден во луксузен хотел во кој живеел два месеци, откако потрошил 150.000 долари на дизајнерска облека, жени и пијалаци.
Секоја доза Спинраза, која се користи за спречување на напредување на болеста чини 90.500 долари. На семејството му требаше година дена за да собере 248.000 долари, а парите што ги собирале ги ставиле на четири сметки, од кои две биле на Матеус, а две на неговата сопруга Родригез.
Парите ги собирале од 2018 година, кога својата тепка ситуација ја објавија на социјалните мрежи. Кога докторите му ја дијагностицирале болеста на малиот Хоао, тој имал само седум месеци.
Откако ги собрале парите, Матеус на семејството му кажал дека ќе замина во градот Бело Хоризонте, за да помине обука за чувари. Но на мајката и паднало сомнително тоа што тој ги посетил само неколку пати, и откако видела дека од сметките исчезнуваат огромни суми на пари решила да ги пријави во полиција, а по некое време тој беше уапсен во хотелот.
Малиот Мигел требаше до август да ја прими првата доза од Спинраза откако владата се согласи да покрие трошоците во првите три лекувања. Тој неочекувано ја изгуби битката во својот дом минатата недела.