Татијана сега изгледа подобро од кога било досега – МАЈЧИНСТВОТО ја направи да блеска од среќа
Популарните македонски фолк-пејачки се возеа на мотор низ цел град.
Ирена и Тања уживаа во возењето со мотор и се снимаа.
Пејачките Ирена Спасовска и Татијана Стефановска неодамна се впуштија во интересна авантура и целиот настан го споделија на социјалните мрежи.
ФОТО: Инстаграм / Татијана Стефановска
Ирена важи за голем авантурист, но и хедонист и секој слободен момент го користи да отпатува на некоја нова дестинација и да се впушти во нова авантура.
Нејзината колешка Татијана отсекогаш била темпераментна и активна.
ФОТО: Инстаграм / Ирена Спасовска
Освен што се колешки, тие се и другарки, а сега им покажаа на своите следбеници како изгледа кога тие две ќе се спојат.
Се качија на мотор и одлучија малку да се повозат.
ФОТО: Инстаграм / Татијана Стефановска
Тања управуваше со возилото, а Ирена зад неа снимаше со својот телефон. Иако возењето не беше брзо, ризично е тоа што и двете русокоси беа без заштитна опрема.
ФОТО: Инстаграм / Ирена Спасовска
Но на снимката можеше да се види дека навистина уживаат. Каде ли итаа овие две убавици, не се знае, но се гледа дека одлично се забавуваа!
ФОТО: Инстаграм / Татијана Стефановска
Инаку, Татијана ги изненади сите кога се реализираше како мајка бидејќи ја криеше бременоста и не објави ниту една фотографија со труднички стомак. Но откако се породи, пејачката им се врати на социјалните мрежи и сега многу почесто на овој начин комуницира со фановите.
ФОТО: Инстаграм / Татијана Стефановска
Таа е во брак со музичарот Митко Беќановски со кого добија ќерка, а пејачката набргу по породувањето повторно се врати во форма.
ФОТО: Инстаграм / Татијана Стефановска
Впрочем тоа може да се види и од нејзините објави на социјалните мрежи, на кои секогаш блеска и плени со својот изглед.
ФОТО: Инстаграм / Татијана Стефановска
Некои од нив погледнете во продолжение…
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram