Тарчуловска ја покажа својата мајка и напиша емотивна порака – ПОРАНЕШНАТА ПЕЈАЧКА објави досега невидена фотографија!
Некогашната македонска пејачка сподели досега невидена фотографија и ја покажа својата мајка.
Соња Тарчуловска својата музичка кариера ја започна уште додека беше многу млада, во далечната 1994 година.
Нејзините евергрини „Во бело”, „Ден по ден”, „Ватрена” се пеат до ден денес.
Зад себе има многу концерти, настапи во Македонија, но и во дијаспората.
Соња е повеќе од 16 години во брак со Јохан Тарчуловски, македонски бранител, поранешен инспектор за придружба во Службата за обезбедување на претседателот на Македонија Борис Трајковски и во војната во Македонија во 2001 година.
Откако стапи во брак со Јохан, Соња се повлече од музиката и максимално се посвети на семејството.
Таа му беше најголема поддршка на својот сопруг во тешките моменти, а нивната љубов уште од самиот почеток е под будното око на јавноста.
Иако таа повеќе не се појавува по медиумите и сега работи како самостоен референт во Владата, публиката и понатаму е жедна за нејзината музика и очекува нешто ново од неа.
Соња е активна и на социјалните мрежи каде често споделува и семејни фотографии.
Плод на љубовта со Јохан се нивните три деца, Мелани, Младен и Јоана.
Мелани тргна по стапките на својата мајка и иако релативно млада, веќе реди успеси и победи на многу фестивали.
Тие се навистина складно семејство и се трудат секој слободен момент да го искористат заедно. Најчесто уживаат во заедничките прошетки во природните убавини на Македонија.
Соња често ја покажува својата емотивна страна на социјалните мрежи, пишувајќи статуси посветени на нејзините најблиски.
Овој пат таа објави никогаш досега видена фотографија со нејзината мајка.
Пејачката јавно ѝ го честиташе роденденот на мајка си, а во опис на фотографијата напиша:
„СРЕЌЕН РОДЕНДЕН МАМИЧКЕ
Колку и да пишувам, нема да биде доволно за да опишам колу е големо твоето мајчинство.Ти благодарам за се што направи за мене. Биди жива и здрава. Мајко моја“.
Фото: Фејсбук / Соња Тарчуловска
Фото: Фејсбук / Соња Тарчуловска
Фото: Фејсбук / Соња Тарчуловска
Фото: Фејсбук / Соња Тарчуловска
Фото: Фејсбук / Соња Тарчуловска
Фото: Фејсбук / Соња Тарчуловска
Фото: Фејсбук / Соња Тарчуловска
Фото: Фејсбук / Соња Тарчуловска
Фото: Фејсбук / Соња Тарчуловска
Фото: Фејсбук / Соња Тарчуловска
Фото: Фејсбук / Соња Тарчуловска
Фото: Фејсбук / Соња Тарчуловска
Фото: Фејсбук / Соња Тарчуловска
Фото: Фејсбук / Соња Тарчуловска