Тарчуловска СЕ ФАТИ ЗА МИКРОФОН И ЗАПЕА во кафеана – пејачката пресреќна пред својата публика
Македонската пејачка на големо се враќа на музичката сцена, а публиката е воодушевена.
Соња, на радост на нејзините фанови, започна со настапите, а сега покажа каква атмосфера умее да направи.
Кон крајот на 90-те македонската пејачка на фолк-музика Соња Тарчуловска жареше и палеше на македонската музичка сцена.
Нејзините песни беа огромни хитови и ги знаеја сите, од најстари до најмлади.
Дури и ден денес без „Во бело” и „Ден по ден” не може да помине ниту една веселба.
Иако беше на врвот од својата кариера, Соња одлучи да се повлече и да се посвети на своето семејство.
Заедно со нејзиниот сопруг, Јохан Тарчуловски ги имаат двете ќерки Мелани и Јована и синот Младен.
Нивната најстара ќерка Мелани порасна во вистинска убавица и тргна по стапките на мама. Таа веќе го освојува Балканот со својот стас и неверојатен глас и постигнува големи успеси.
Но, се чини дека и на мама Соња ѝ недостасувала музиката, па одлучи да се врати на голема врата.
Таа сними и нова песна и нов видео запис кои веднаш станаа популарни кај публиката.
За Соња времето како да запрело, таа изгледа подобро од било кога.
Освен што сними нова песна, таа одлучи и да им се врати на настапите и покажа каква атмосфера умее да направи кога таа ќе се фати за микрофонот.
Погледнете:
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска