Тамара Тодевска сподели вест што сите ги израдува – и нејзината мајка Брана се огласи, еве што ѝ порача
Голема радост во домот на познатата пејачка
Синот на пејачката Тамара Тодевска и поранешниот кошаркар Александар Димитровски Мачка, Дарин Димитровски, тргна на училиште.
Тој е прваче, а во школскиот двор беше испратен од гордата мама и неговата сестричка Хана, како и момчето на Тамара.
Имено, Тамара по разводот од Александар започна врска со младиот архитект од Скопје, Лука Радовиќ, а од нивните заеднички фотографии што речиси секојдневно ги објавуваат може да видиме дека нејзиниот партнер има одличен однос со Дарин и Хана.
Инстаграм/ Тамара Тодевска
И како што самата Тамара истакна во една пригода, Лука е внимателен и грижлив, како кон неа така и кон нејзините деца, а тоа впрочем може да се забележи и од фотографиите што често ги споделуваат.
Инстаграм/ Тамара Тодевска
Тамара на социјалните мрежи сподели неколку фотографии направени пред училиштето во кое што го запиша својот син и му го честиташе првиот школски ден на својот наследник.
Инстаграм/ Тамара Тодевска
Под една од овие фотографии се огласи и мајката на Тамара, која откри дека и нејзиниот внук Вук, синот на Тијана Дапчевиќ, годинава е втора година музичка гимназија.
Инстаграм/ Тамара Тодевска
„Мили мои дечиња! Здрави и среќни! Ве сакам! И Вук во втора година музичка гимназија! Среќно и на него, и него го сака баба“, напиша мајката на Тамара, Брана, која исто така е поприлично активна на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Тамара Тодевска
Потсетуваме, Тамара покрај синот Дарен ја има и ќеркичката Хана што ги доби од поранешниот брак со Александар Димитровски Мачка.
Инстаграм/ Тамара Тодевска
По разводот од поранешниот сопруг Тамара пред нешто повеќе од година дена започна врска со младиот архитект Лука.
Инстаграм/ Тамара Тодевска
Тие денес често споделуваат заеднички фотографии, а и нивната љубов трае нешто повеќе од година дена.
Инстаграм/ Тамара Тодевска
Од овие објави може да видиме дека Лука и Хана и Дарен ги доживува како свои деца и дека е поприлично близок со нив.
Инстаграм/ Тамара Тодевска
Братчето и сестричката се центарот на светот на Тамара, но очигледно и на Лука од кого пејачката е неразделна.