Реклама
Вирално

Тажните зборови што ги напиша Јанко на Фејсбук од Грција многумина ги читаат и не можат да ги сопрат солзите

Ние наоколу, по лежалките, уживаме, безгрижни како деца, а она детенце со свои грижи во главата...

Реклама

Необична приказна што ден Балканец ја сподели со корисниците на социјалните мрежи која на многумина им ги насолзи очите.

„Отидовте на море. Сместувањето не баш онакво какво што сте си го замислувале, интернетот постојано паѓа, лежалките се прескапи за вашиот буџет. Сонцето постојано ви бие во главата, а чадорот исто така е преценет, а за гужвите на граница воопшто и да не зборуваме. Сето ова е сосем доволно за да ви го расипе целото летување за кое макотрпно работевте преку цела година. Но од друга страна не сте ни свесни колку сте среќни.

Со овие неколку реченици еден Јанко се обиде да им објасни на туристите и корисниците на социјалните мрежи, пишувајќи своевремено во групата „Грчка инфо“.

Маркетинг

Тој ова го напиша по средбата со малиот уличен продавач, кој му го промени денот и кој на останатите корисници на Фејсбук помалку ги растажи и ги потсети на важна животна лекција за среќата и благодарноста“.

Маркетинг

„Денес на плажата во Неа Ираклитса ми приоѓа мало Африканче кое одвај има десет години, убав како кукла и љубезно ми нуди нараквици и слично“.

„Оваа чини 5 евра, ја купувам за својата ќерка која е негов врсник. Му давам шест евра за да го почестам, тој мисли дека сум згрешил и ми враќа едно евро. Не е крадец, туку продавач“, пишува Јанко на Фејсбук.

„Му велам, ‘не, не , океј’, тој му се заблагодарува и си заминува. Торбите што ги носи поголеми од него, ги влече на песокот на плус 30 и кусур и заработува за живот“, напиша Јанко и додава дека средбата со ова момче од Африка го потсетил на нешто што сите го знаеме, но брзо го забораваме.

Ние наоколу, по лежалките, уживаме, безгрижни како деца, а она детенце со свои грижи во главата. Ја гледам ќеркичката, синот, сопругата, се обидувам прво на самиот себеси во главата да си објаснам за да можам и на нив да им објаснам колку ние имаме среќа. Но не успевам, само го гледам младото момче како се оддалечува и ми се создава кнедла во грлото.

Ова не го напишав за да во го расипам летувањето, туку ако помисливте дека денес сместувањето ви е лошо, плажата ви е далеку, гужва на границата… Тоа само ви се причинило. Се ни е океј, а и повеќе од тоа.

„И доколку ви затреба ваква нараквица знаете од кого и каде да ја барате“, заклучи Јанко на крајот од своето обраќање на Фејбсук.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button