Тажна глетка што ќе расплаче многумина на Фејсбук профилот на мајката на малата Вања Ѓорчевска
Монструозно злосторство што го потресе целиот регион
Потсетуваме, Вања Ѓорчевска беше киднапирана на 27 ноември кога излезе од својот дом и тргна кон училиштето во Пестолоци.
Како што подоцна ќе покаже истрагата, 14-годишната Вања ќе биде грабната во својот влез каде во подрумските простории ќе биде врзана и сместена во вреќа за спиење, па однесена до автомобилот со кој ќе биде однесена до местото на кое што по неколку дена ќе биде пронајдено нејзиното безживотно тело.
Таа исчезна на 27 ноември околу 7.20 часот, а нејзиното тело на 3. декември беше пронајдено закопано во близина на Бразда, село кое се наоѓа во близина на Скопје. За ова свирепо убиство, како и за убиството на велешкиот фризер Панче Жежовски, со чиј автомобил беше киднапирана Вања, осомничени се Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски. Според нивните искази, главен осомничен за овој злочин е Љупчо Палевски, кој моментално се наоѓа во притвор во Турција, од каде се очекува негова екстрадиција, а еден од осомничените е и Александар Ѓорчевски, таткото на малата Вања.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Таткото останува во притвор
Таткото на Вања се уште е во притвор, а медиумите неодамна ја пренесоа веста за неговата изјава пто ја дал во судницата.
Имено, на јавната седница за неговата жалба против мерката притвор, тој низ солзи му кажал на судот дека не му е важно каде ќе ја дочека разрешницата на случајот.
Фото: Принтскрин/ Гугл мап
„Едното дете се наоѓа тука, другото ми го земаа. Не ми е битно каде е ја дочекам оваа разрешница. Кога ќе се донесе одлука ќе донесам лична одлука дали ќе и се придружам на постарата ќерка“, изјави тогаш Александар кој веќе четири месеци е во притворското одделение во затворот во Шутка.
Црна позадина што сведочи на грозоморниот настан
Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања чие убиство го шокираше регионот, осум дена откако телото на девојчето беше пронајдено ја избриша својата профилна и насловна фотографија на нејзиниот профил на Фејсбук и на нивното место стави црна позадина.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Црната позадина се уште стои, а од тогаш Зорица нема објавено ништо, ниту пак се има огласено во медиумите.
Нејзиниот поранешен сопруг, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето на нивната ќерка, останува во притвор, а неговата жалба против мерката притвор беше одбиена како неоснована.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
„На никому да не му се случи“, пишува во еден од коментарите под профилната слика на мајката на Вања на нејзиниот Фејсбук профил
Жалбата е одбиена во Врховниот суд, а следуваше по одлуката на Апелациониот суд со која исто така беше одбиена жалбата на Ѓорчевски и му беше продолжена мерката притвор поради основано сомнение за сторено кривично дело „грабнување“ до 3 април 2024 година.
Потсетуваме, безживотното тело на малолетната Вања Ѓорчевска, која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, беше пронајдено во близина на Скопје на 3 декември, додека во близина на Велес беше пронајдено безживотното тело и на велешанецот Панче Жежовски, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември.