Тажна вест – си замина принцезата на црногорските планини, Јелена Чворовиќ (33)

Јелена Чворовиќ е 33 годишна планинарка од Подгорица која го изгуби животот во саботата во раните утрински часови.

Фото: Фејсбук/ Јелена Чворовиќ

Таа беше член на планинарскиот клуб „Високогорци“, а трагедијата се случи откако се лизна пред самиот највисок врв на Ловчен.

Љубителите на природата, планинари, пријателите на Јелена, познаници, но и оние кои не ја познаваа беа трогнати од веста.

Многумина се збогуваат од неа преку социјалните мрежи, а посебно емотивна приказна под наслов „Замина принцезата на црногорските планини“ на својот Фејсбук профил ја објави Зехрудин Исаковиќ, познат новинар, публицист и планинар од Босна и Херцеговина.

Фото: Фејсбук/ Јелена Чворовиќ

Можеби токму кога на хималајскиот горостас К2 настрада Серги Минготе, алпинистичката легенда, на другиот крај на Планетата, во малата, но горда Црна Гора, во реонот на планината Ловчен – Штировник, трагично се лизна и падна Јелена Чворовиќ, чудесна девојка која ниту еден епитет не може доволно адекватно да ја опише, пишува тој.

Јелена е една од оние лице кај кои постои консензус – другарка до коска, мила, драга, духовита, самоиронична, секогаш подготвена да помогне. Знам дека многу црногорски срца вечерва се исполнети со голема тага. Но и срцата на сите нејзини пријатели кои што ги имаше многу.

Планините ги сакаше со сета своја душа, со своето битие, умот и телото. Беше убаво кога ќе ја сретнеш наеднаш, зад некој гребен, кога ќе ти се укаже како некој планински цвет, во весели бои и со единствена убавина.

Фото: Фејсбук/ Јелена Чворовиќ

Чворка замина со својот клупски пријател Милан Радовиќ кој го сакаше неизмерно. Замина и на сличен начин, летајќи низ планинската стрмнина без крај, директно во вечноста. Замина млада, насмеана, замина на својот пат од кој нема враќање вистинската принцеза на црногорските планини.

Потресната објава на социјалните мрежи ја сподели и познатата нутриционистка од Босна и Херцеговина, Амела Ивковиќ О’рили, која минатата година доживеа лична трагедија во која животот го изгуби нејзиното момче Армин Газиќ, еден од најдобрите босански алпинисти.

Фото: Фејсбук/ Јелена Чворовиќ

За него, за жал, беше кобно возењето со кајак низ Неретва.

„Нека замине од мене сé што треба да замине. Бидејќи и сé што доаѓа има иста судбина. Заминувањето како мерка на никогаш сфатената вистина. Сé освен сонцето кое никогаш не изневерува. Бидејќи, како што мирно тоне зад планината, уште поубаво се враќа. И затоа тоа е секогаш тука. Сонце. И планината за да има каде да замине. И да имам и јас кај да одам“, напиша таа.

„Денес ја испраќаме во дивовските небески планини феноменалните луѓе и планинари Јелена Чворовиќ и Серги Минготе“.

„Лесна ви замјa прекрасни луѓе“.

Фото: Фејсбук/ Амела Ивковиќ О’рили

„Гушнете ја силно мојата/ нашата љубов Армин Газиќ“ напиша Амела.

Фото: Фејсбук/ Јелена Чворовиќ

Фото: Фејсбук/ Јелена Чворовиќ

Фото: Фејсбук/ Јелена Чворовиќ

Фото: Фејсбук/ Јелена Чворовиќ

Фото: Фејсбук/ Јелена Чворовиќ

Фото: Фејсбук/ Јелена Чворовиќ

Фото: Фејсбук/ Јелена Чворовиќ

Фото: Фејсбук/ Јелена Чворовиќ

Фото: Фејсбук/ Јелена Чворовиќ

(Visited 7.374 times, 1 visits today)