Реклама
Вести

Тажна вест: Почина таткото на Тоше Проески – „Светол пат татко мој“

Реклама

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

„Светол патот, татко мој“, напиша таа.

Маркетинг

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.

Како што во минатото за „Фокус” изјави сопругот на сестрата на Тоше, Славен Ристески, тие немаат сили да бидат дел од низата настани кои се организираа во чест на Тоше.

Маркетинг

Единствен пат кога Никола Проески се огласи во јавност беше во 2015 година, по повод објавените снимки на СДСМ, според кои тогашниот министер за транспорт Миле Јанакиески и неговата колешка Елизабета Канческа-Милевска зборуваат за наводна партиска непослушност на семејството на Тоше.

Тогаш таткото на Тоше во изјава за 24 вести порача неговиот син да биде оставен да почива во мир.

– Праќам апел до целата јавност до сите Македонци, Албанци, Власи, Срби, Бошњаци, Роми, Турци и сите останати, јас Никола Проески велам ако сме криви нека излезе правдината на мегдан и ве замолувам да ми ја оставите фамилијата на раат, посебно син ми Тодор, гласеше неговиот апел.

Семејството Проески сè уште нема објавено детали за последното испраќање на таткото на легендарниот музичар и хуманист Тоше.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button