Почина пејачката Анка Гиева, една од легендите на македонската народна музика. Имаше 86 години. Семејството соопшти дека таа починала на 7 септември, а ќе биде погребана на 9 септември на градските гробишта во Бутел во Скопје.
Гиева е позната како изведувач на македонски народни песни. Била професионално вработена во Македонскиот народен театар, а потоа во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“ во Скопје.
Снимила голем број антологиски песни за потребите на Радио Скопје, меѓу кои и „Ајде слушај, слушај калеш бре Анѓо“, „Пилето ми пее рано на сабајле“, „Елено, ќерко, Елено“, „Крај Вардара седеше“, “Да сум бистра вода”, “Отвори ми бело Ленче” и др.
Во 2022 година добива “Орден за заслуги” на Република Македонија од претседателот “Стево Пендаровски”.