Тажна вест, згасна животот на младиот пејач од „Ѕвездите на Гранд!“ Обожавателите во шок: „На подобро место си, меѓу ангелите“
„Сонце мое, срце ме боли“
Здружението на естрадните уметници на Црна Гора и учесниците во музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ објавија на социјалните мрежи за сега се уште неофицијална информација дека младиот пејач Момир Луковац кој се натпреваруваше во ова популарно музичко шоу тpaгично го изгубил животот на своја 24 годишна возраст.
Здружението на уметници на Црна Гора го испрати својот последен поздрав преку својата официјална страница на социјалните мрежи, а тa*ната вест за српскиот „Блиц“ ја потврдија неколку колеги на Момир.
„Сонце мое, што направи од себе?! Горда сум што те познавав, што беше мој другар, колега и пријател и брат, прерано не напушти. Но никогаш нема да заминеш во забрав! Душата да ти е мирна, добри мој Мока, срцето ме боли“, објави на Инстаграм пејачката Цеца Булаовиќ.
Од него се збогуваа и неговите пријатели и колеги со кои се натпреваруваше во шоуто „Ѕвездите на Гранд“.
„По чивај во мир, драг Момир“, напиша Кристина Тодоровиќ.
Младиот пејач од Бања Лука, но кој живееше во Подгорица, Момир Луковац, последен пат во Ѕвездите на Гранд настапи пред два месеци.
Тој во актуелната сезона стигна до третиот круг, а со својот глас и настап беше еден од омилените пејачи на публиката.
Информацијата се уште не е официјално потврдена, но неговите колеги и пријатели веќе се збогуваат од него. Исто така се уште не се познати ни околностите што донеле до таков тпа*ичен крај за еден млад човечки живот.
„Не знам што да ви кажам, во шок сум. Знам дека беше многу добро и воспитан момче и колега, Искрено сочувство за семејството. Многу ми е жал“, изјави Даниел Алибабиќ за српскиот „Блиц“
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Фото: Принтскрин/ Гранд
Извор: Блиц.рс