Тажен ден во домот на нашиот познат пејач – скршен од преголема болка, се потсети на починатиот татко
Марјан Коцев со тажна објава на социјалните мрежи
Пејачот Марјан Коцев се присети на својот татко кој почина во февруари месец оваа година по тешко боледување.
Тогаш Марјан скршен од болка и тага ја извести јавноста за смртта на својот родител, кој да беше жив сега ќе славеше роденден.
Марјан по тој повод се огласи на социјалните мрежи и со емотивни зборови и една заедничка фотографија се потсети на неговиот татко.
Инстаграм/ Марјан Коцев
„Ех татко мој! Вчера те немаше да го прославиме твојот 76ти роденден! Многу фалиш Мичина мој“, напиша Марјан под фотографијата.
Инстаграм/ Марјан Коцев
Потсетуваме, Марјан Коцев важи за еден од нашите најпознати фолк-пејачи кој веќе три децении постои на нашата сцена.
Инстаграм/ Марјан Коцев
Но како што самиот изјави во една пригода за Гламур магазин, пред да почине татко му имал тежок период во животот.
„Посебно последната година не беше добра за мене. И не само последната туку и последните 4-5 години. Место кое што го најчесто го посетував беше ДРЖАВНАТА БОЛНИЦА. Го изгубив мојот татко… Лоша епизода во мојот живот… Болката е преголема… Не се опишува! А времето не може да го вратиме… Песни се создаваат и во среќа и во болка! Без емоции нема песна! Така да се надевам дека во периодот што следува ќе има нешто ново, нешто убаво“, изјави тогаш Марјан, неколку месеци по смртта на неговиот татко.