И болка и тага по нејзината мајка
По големите успеси што и се случија оваа година, Ленче Дедејска Кукиќ се соочи и со едно тажно животно искуство. Нејзината мајка, Драга Дедејска, која со месеци водеше борба со тешката болест, не ја издржа битката.
Нејзината ќерка Ленче се уште не собра сила за да ја соопшти тажната вест преку социјалните мрежи, па наместо неа тоа го направи нејзиниот брат, Никилчо Дедејски, кој со својата мајка се поздрави со зборовите:
„Мамичке наша биди ни ангел, почивај во мир.“
И додека нејзината мајка водеше борба со тешката болест, Ленче ја однесе победата во четвртата сезона на популарното шоу „Никогаш не е доцна“.
Ленче која својата кариера ја започна уште како млада девојка е во брак со Горан Кукиќ кој е препознатлив по својот моќен глас. Тие имаат син Иван кој исто така е музичар и свири со Влатко Стефановски.