Реклама
MAMA

Таа раѓа деца по порачка: Од трите деца купила куќа и два стана, а сопругот е пресреќен – си вози нов автомобил

Реклама

Алина Штахорска е една од 1.500 Украинки кои минатата година родија деца по нарачка од странци. Има 32 години и живее во Харков, и има два свои синови. Минатогодишното породување за неа беше трето успешно сурогат мајчинство.

Првпат така роди дете за една ирска брачна двојка кога имала 21 година. Потоа родила едно дете за двојка од Германија и едно за двојка од Индија.

Маркетинг

За разлика од многу жени кои на ист начин раѓале деца, таа во разговорот за „Дојче Веле“ отворено проговори за се, освен за висината на хонорарот. Но според податоците од други извори, по бременост се плаќа 15.000 евра.

Алина открива дека сурогат мајка станала многу млада, кога се развела од првиот маж и имала мало дете од три години и немала свој стан па живееле кај бабата. За програмата сурогат мајчинство дознала од некој оглас и заминала заедно со синот на тестирање. Ја чекал во ходник, а понекогаш го оставала кај бабата.

Маркетинг
ФОТО: getty images

Отпрво била исплашена од сурогат мајчинството и мислела дека нема да ја земат зошто била многу млада. Но се поминало добро и го родила првото дете, па второто и третото.

Нејзините родители кои живеа во Русија знаат дека таа се занимава со сурогат мајчинство. Таа окрива како тие реагирале:

– Добро. Немаше проблеми. Ништо не криев ни пред соседите ниту пред пријателите и роднините. Секако, имаше и такви кои имаа лошо мислење за мене, дека го продавам свеото дете и слично. Но многу мои пријателки, дури 10 или 15 се вклучени во програмата по моја препорака.

Клиниките тврдат дека сурогат мајките сакаат да им помогнат на двојките без деца, но на Алина во преден план и биле парите. Сепак одржува контакт со родителите и тие и се многу благодарни. Вели дека ја радува тоа што им помогнала.

На прашањето како ги потрошила парите, Алина вели:

– После првото сурогат мајчинство платив половина од трособен стан, после второто половина од двособен стан. Подоцна двата ги продадов и купив еднособен стан, кој подоцна го продадов. Со парите од третото дете купивме куќа во Харков и два автомобили. Толку пари за тоа време не би можела поинаку да заработам, вели Алина.

Запрашана дали физички и било тешко да биде сурогат мајка, Алина одговара:

– Првиот пат беше тешко. Имав трудничка мачнина, немав кај да одам, а имав тригодишно дете. Само седев во четири ѕида. Вториот и третиот пат знаев што ме чека, па ми беше полесно. Непријатно е единствено што често мора да се оди на клиника на испитување и инјекции. Не се плашам од земањето крв, туку од инјекциите. А примам хормони, прогестерон. Мора и да внимавам на исхраната, дозволено е се – освен алкохол, пушење и сексуални односи, вели Алина.

Еве што вели нејзиниот сопруг за нејзиното сурогат мајчинство.

– Во брак сме четири години. Последната бременост беше во тој период. Мојот маж на почетокот беше стриктно против тоа. Му реков дека поинаку не може. Како заварувач тој има нередовни приходи. Бидејќи имаме заеднички син, јас не можам да работат. Но станот мора да се плати, а нешто мора и да се јаде. Кога ги направив сите прегледи и не се откажав, се помири со тоа. Тешко му паѓаше што носев туѓо дете. Тој би сакал уште една ќерка, но јас не сакам повеќе деца. И тој се помири со тоа. Сега има автомобил и добро му е. Никогаш не сме имале судири. Кога морав на ехо ме возеше. Ако посакав ананас или портокал, тој одеше да ми најде. Се однесуваше како да чекаме наше сопствено дете, рече Алина.

Таа вели дека чувствувала дека тоа не биле нејзини деца, но била внимателна. На пример индијската двојка побарал од неа во текот на сурогат бременоста на детето да му пушта снимени индиски песни со гласот на таткото, но таа тоа го правела еднаш или двапати месечно. Таа кога била бремена со своето дете му зборувала и тоа е сосема поинакво чувство вели, таа и додава дека со сурогатот немала чувство на љубов.

– Кога првпат го видов своето последно дете, лежеше во родилиштето. Јас ги потпишував документите, и го видов машкото дете како плаче. Никој од лекарите и сестрите не регираше, сите беа преокупирани со администрацијата. Некако ми беше жал и сакав да го земам во раце, но персоналот ми рече да си одам. И тогаш секако, малку плачев. Да, ми беше тешко. После кога ме пуштија од клиниката отидов со сопругот кај родителите од бебето кои изнајмија стан во Харков. Таму бебето го зедов во раце. Дланките почнаа да ми се потат, а рацете да ми се тресат Веднаш го вратив назад детето, на неговиот татко. А мажот ми рече дека е подобро да си одиме дома, рече Алина.

Таа вели дека првиот пат била потполно рамнодушна. Вториот пат го доела детето. Кога и го зеле и паднало тешко. Често мислела на него. Пола година подоцна родителите и испратиле слики како детето седи и се смее. Тоа ја трогнало до солзи, се радувала што ќе го види. Таа сака да ги гледа како растат деца и ја интересира како ќе бидат во иднина.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button