Реклама
Холивуд

Таа плачеше на нејзината свадба, но ќе се изненадите кога ќе дознаете зошто

Реклама

Постоеше нешто на нејзината свадба што едноставно не можеше да го поднесе

Познатата актерка Селма Хаек се омажи за милијардерот Франсоа-Анри Пино во 2009 година. Тие застанаа пред олтарот во градот на љубовта Париз и тоа на Свети Валентин, а и нивната ќерка се вика Валентина. Нејзиниот сопруг Пино е извршен директор на групацијата Керин за луксузни производи и е третиот по ред најбогат човек во Франција, а неговото богатство се проценува на околу 9 милијарди фунти. Нивната венчавка беше како во приказните, но и покрај тоа, Селма ронеше солзи ан свадбата. Имено, како што самата изјави за странските медиуми, Селма во најубавиот ден од својот живот не можела да се помири со изгледот на тортата. „Ја имав најдобрата свадба на светот. Беше неверојатно и се беше совршено. Освен тортата. Тортата беше ужасно грда. Имаше облик на модерен вселенски брод и беше украсена со некои чудни работи. Воопшто не личеше на торта и немаше никаква врска со целата венчавка“ вели таа.

Маркетинг

Таа додаде и дека била толку очајна што заплакала и постојано се молела никој да не гледа во таа грдосија. „Беше вкусна, но мноооогу грда. Со денови имав кошмари поради неа“, се присетува актерката. Сепак, за 50 роденден сопругот ќе ја почести со прекрасна роденденско-свадбена торта која на врвот имаше дури и порцелански младенци. „Тоа беше најубавата торта што сум ја видела во животот, а покрај тортата, сопругот ме изненади и со трогателен говор.  Тоа никогаш нема да го заборавам“ заклучува Селма.

Маркетинг

Актерката денес со семејството живе во Лондон, а како што вели самата, рецепт за успешен брак е да морате да продолжите да се смеете заедно, да истражувате и никако да не ја заборавите романтиката.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button