Таа е негова најголема поддршка – еве како изгледаше како невеста ПОНЕЖНАТА половина на Николовски, генсекот на СДСМ!
Предизборната кампања е во полн ек, а политичарите се почесто споделуваат фотографии од своите најблиски и оние кои им се најголема поддршка.
Иако се чини дека се секогаш резервирани со приватноста, сепак не е баш така.
Многу македонски политичари меѓу кои и Љупчо Николовски кој е политичар од редовите на СДСМ и заменик на Претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси покажа кој му е најголема поддршка.
Љупчо Николовски, веќе две години ужива во бракот со сопругата Андријана, а таа е постојано со него и му дава поддршка и во работните обврски.
Двајцата заедно се појавија на митинг во родното место, во Крива Паланка, а неговата поубава половина блесна во елегантна комбинација.
Андријана облечена во бели панталони и нежно сиво сако изгледаше како милион долари.
Двајцата ги отворија и вратите на својот дом за време на пописот, па покажаа и дел од нивниот дом.
Иако сериозен политичар, Николовски е вистински романтичар.
Тој во една пригода под една нивна заедничка фотографија ќе напише следниов коментар со кој ги воодушеви сите.
„Душата на место, срцето исполнето. Со добра мисла деновите се секогаш поубави. Најдете секогаш време за оние кои ви се најмили, кои се тука за вас тогаш кога ви оди сè од рака, но и тогаш кога сте турнати во лоши мисли поради нешто. На крај на денот, за нив живееме. Сакајте се, чувајте се и имајте убав празничен викенд! Ве поздравувам од преубавиот Свети Наум“ напиша Љупчо на својот профил на Инстаграм.
Двајцата често се појавуваат и на настани често, а Андријана секогаш блеска!
Тие беа неколку години во врска, па по некое време ја прекинале врската, по што Андријана заминала во Словенија. Таа тогаш работеше во меѓународната компанија Интеренерго, со седиште во Љубљана. По неколку години разделеност, тие случајно се сретнале на први јануари 2019 година и сфатиле дека љубовта е посилна од сè. Продолжиле таму каде што застанале, но овој пат многу позрели и поискусни, а по некое време ќе го кажат и своето судбоносно „да“.
Фото: Фејсбук/ Љупчо Николовски
Фото: Фејсбук/ Љупчо Николовски
Фото: Фејсбук/ Љупчо Николовски
Фото: Фејсбук/ Љупчо Николовски
Фото: Фејсбук/ Љупчо Николовски
Фото: Фејсбук/ Љупчо Николовски
Фото: Фејсбук/ Љупчо Николовски
Фото: Фејсбук/ Љупчо Николовски
Фото: Фејсбук/ Љупчо Николовски
Фото: Фејсбук/ Љупчо Николовски
Фото: Фејсбук/ Љупчо Николовски
Фото: Фејсбук/ Љупчо Николовски
Фото: Фејсбук/ Љупчо Николовски
Фото: Фејсбук/ Љупчо Николовски
Фото: Фејсбук/ Љупчо Николовски
Фото: Фејсбук/ Љупчо Николовски
Фото: Фејсбук/ Љупчо Николовски
Фото: Фејсбук/ Љупчо Николовски
Фото: Фејсбук/ Љупчо Николовски
Фото: Фејсбук/ Љупчо Николовски