Сандра Африка акко што ја знае јавноста денес важи за една од најатрактивните пејачки на Балканот но малкумина знаат како всушност започнала нејзината кариера.
фото инстаграм/Сандра Африка
Кога се појави на своите почетоци јавноста не можеше да разбере од каде и е прекарот Африка, па неколку пати дури и била исмејувана но со текот на времето се се промени.
фото инстаграм/Сандра Африка
Сандра Продановиќ денес позната како Сандра Африка, долги години е на јавната сцена, а се уште многумина не знаат како го добила прекарот и кој стои зад името кое ја одбележа нејзината кариера.
фото инстаграм/Сандра Африка
Марина Туцаковиќ ја „крсти“ Африка, објасни таа за време на едно телевизиско појавување.
фото инстаграм/Сандра Африка
-Се шегувам, велам: „Ме крсти Марина Туцаковиќ“, но така испадна на крајот. Напиша песна, реши да ја нарече „Африка“. Во шоуто се појавив како Сандра, само со песната „Афрка“ и тогаш дојде до тоа – може ли „Сандра, Африка…“ Така ме викаше публиката – објасни таа.
фото инстаграм/Сандра Африка
– На почетокот ми беше чудно и се срамев, навистина. На пример, кога треба да повикам шминкер, стилист треба да објаснам кој е на телефон, велам: „Тука е Сандра“ и, сега, јас се срамам да кажам Африка, па не знам како да објаснам и прашуваат која Сандра, а потоа објаснувам: „Па, мала, црна, знаеш“… „Кажи Африка“ и јас сум вџашена: „Добро, Сандра Африка овде“ – се насмеа пејачката.
фото инстаграм/Сандра Африка
Инаку, Сандра денес важи за една од најбогатите и најплатените пејачки во регионот. Таа ја искористи својата првична популарност стекната пред се со нејзиниот атрактивен изглед и денес е една од најбараните меѓу фолкерките.
фото инстаграм/Сандра Африка
Својата кариера ја започна како една од омилените „го-го“ танчерки во регионот и беше член на придружната танчерска група на фолк-пејачот Миле Китиќ.
фото инстаграм/Сандра Африка
Во тоа време, таа сè уште не ги потенцираше своите гласовни способности, а нејзиниот изглед беше во преден план.
фото инстаграм/Сандра Африка
Покрај стајлингот со кој што го потенцираше секој дел од нејзиното тело, многумина во тоа време и замерија што танцуваше по клубовите, истакнувајќи дека заради тоа нема да оствари некој позначаен успех на музичката сцена.