Реклама
Интервју

Таа е ЕДИНСТВЕНАТА зумба-инструкторка со СЕКСИ радиски глас-но дали знаете кој е скриениот талент на САЊА?

Оние кои ме знаат многу оддамна, знаат дека сакам... прочитајте во интервјуто подолу за нејзината дарба

Реклама

Секогаш ведра, расположена, насмеана, многумина ја знаат по убавиот глас на радио, другите пак како одлична зумба-инструкторка. Таа е една од двигателите на зумбата кај нас.

Сања Стојковска е вистинска убавица која се согласи да зборува за Гламур.мк  за некои работи за кои досега не зборувала во јавноста.

фото/Приватна архива

Како ви започна летото 2023 ? Дали веќе имате агенда и планови за тоа како ќе ви се одвива најтоплото годишно време?

Со оглед на тоа дека летото ми е омилен период од годината, ќе оставам на Вас да заклучите. 😊

Ќе ни дадаете ли некој брз совет за дамите кои не читаат, како да се подготвиме за добар изглед на плажа во 90-та минута? 😊

Хахахаха, кога би имало такво магично стапче би Ви го покажала. Ама ајде, да пробам вака: Многу течности, чиста храна, што е можно помалку преработена, вежбање редовно и можам да кажам дека ќе имате видливи резултати.

фото/Приватна архива

Кои се вашите тајни за вашиот изглед? Дали е само зумбата во прашање или генетиката замешала прсти за да имате фит форма, или пак, можеби криете нешто сосема друго?

Можам да зборувам до утре за генетика и затоа какви предности може да имаш ако наследиш фит тело, ама верувајте, фит тело НЕ се наследува. Може да се некои атрибути, да. Ама вежбано, фит тело си доаѓа со континуитет и време. Ништо не доаѓа преку ноќ, па така и ова. Вежбањето за мене е навика веќе 12 години, што значи.. јас би препишала на вежбањето зумба и некогаш комбинираните тренинзи.

Маркетинг
фото/Приватна архива

Имате многу убава долга и негувана коса, како ја третирате?

Ахх, благодарам за комплиментот, ама за тоа ќе му се заблагодарам на мојот фризер Ѓорѓи, Ателје Тренов. Единствениот човек што во последниве 10 години, а може и повеќе, се грижи за мојата коса.

 Каква нега за убавина практикувате во летниот период, за лицето, кожата…

Во принцип не користам мноооогу козметика. Претпочитам во лето да не го оптеретувам лицето со многу шминка, а и никогаш не се шминкам премногу. Фактор ми е првиот другар кога ќе се појават УВ зраците, сe’ останато е сведено на минимум.

Маркетинг
фото/Приватна архива

Вие сте радиоводител, зумба инструктор, но кое е вашето хоби, можеби скриен талент за кој јавноста не знае?

Оние кои ме знаат многу оддамна, знаат дека сакам да пишувам. За моја душа, секако. Пишувам веќе со години. Некако, ме опушта, ме релаксира и комплетно можам да се искажам.

Што сакате да правите кога имате слободно време?

Слободно време? Што беше тоа? Хахаха, се шегувам. Со оглед на тоа дека работам од утро до вечер, вечерните часови се моето време за уживање. Серија, филм, шетање, пишување, дружби со друштвото, а некогаш и да влезам во автомобил и да уживам во возењето без никаква посебна дестинација.

Верувам дека е тешко за еден радиоводител да одговори на ова прашање , но имате ли омилена песна, хит за ова лето?

Хахахаха, најтешкото прашање е ова. Можам вака да Ви одговорам – пуштете Сити радио, се’ ќе Ви стане јасно 😊

фото/Приватна архива

Која музика ве опишува вас?Имате ли безвременски бенд, пејач/ка од тинејџерските денови кои се уште „ве демнат“?

Аууу, можам мнооогу да набројувам, ама еве неколку.. Muse, Rasmus, ABBA, U2, Eminem. Важам за човек што слуша навистина различна музика, така што, не треба да Ве чуди изборот погоре 😊

Кој ви е омилен филм?Актер , актерка… Сакате да гледате филм дома или во кино?

Имам повеќе, ама ајде еве го првиот што ми текнува.. Under the Tuscan sun. И кино и дома, не можам да се одлучам 😊

Како ќе го опишете вашиот стил на облекување?

Мислам дека би се опишала како freestyle девојка, бидејќи носам се’ што ми се допаѓа. Не се водам по тоа што е модерно, туку она што мене ми се завртело во глава дека треба да го носам. Многу често знам да смислам комбинација и да барам со денови и месеци такво парче, па да испадне дека тоа било мода пред 20години хахахах и на крај да најдам од некаде и да го нарачам.

фото/Приватна архива

Кој ви е омилен моден додаток?

Уфф, чанта! Мноооогу чанти. И црвен кармин, секако 😊

Модна икона е…

Се надевам не е страшно ако Ви кажам дека немам? 😊 Познавам и следам многу девојки кои страшно добар стил имаат, ама не сум човек кој се води по модни икони.

Која вие омилена храна?Дали готвите?

Омилена храна… хммм, можам суши да јадам со денови, а многу сакам и морско. Готвам, да, ама не така често. Знаете како… треба да ми дојде инспирација за готвење, не е тоа туку така – хахахаха.

Омилен пијалок?

Џин! Хахаха, во последно време, џин со кисела вода и lime. All time favorite.

фото/Приватна архива

Имате ли домашно милениче?Кое ви е омилено животно?

Имав малтезерче, нејзиното име беше Луси, која за жал многу рано ми почина. Сега, немам храброст да земам повторно. А, омилено животно – делфин. Секогаш.

Радиото некогаш и денес…

Радиото е магија, и тогаш и денес. Секое време си носи свои предизвици, музиката се менува, времетраењето на гворот се менува, ама магијата што си ја носи радиото не се менува. Сеуште постои она: Се возиш во автомобил, чекаш на црвено и наеднаш на радио почнува твојата песна, попушташ и уживаш. 😊

фото/Приватна архива

 Кој ви е најдобар пријател?

Мајка ми!

Совет кој ве води низ животот…

Се’ зависи од самиот себе. Одлуките денес, се последиците утре. 😊

Дали читате Гламур.мк?Која ви е омилена рубрика ?

Морам да признаам дека имате интересни рубрики. Ама делот шопинг – омилен! Хахахах, се пронајдов, тоа е тоа 😊

фото/Приватна архива

 

фото/Приватна архива

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button