„Сé што било кул во деведесеттите повторно е во мода!“

Оваа девојка навистина не инспирира со својот стил

Вера Ангелакова е млада дама која со секоја фотографија на социјалните мрежи го предизвикува нашето внимание. Уште за време на студиите на мода и дизајн заедно со нејзината пријателка Искра запловија во дигиталниот свет и ја започнаа приказната со својот блог (кој денес за жал повеќе не постои). Не е тајна дека девојките денес се повеќе посетуваат модни блогови и социјални мрежи и таму ги пронаоѓаат инспирациите за своите модни комбинации, па ја искористивме приликата додека фотографката Ерина Богоева ги правеше овие интересни фотографии да поразговараме со Вера на оваа тема и да дознаеме нешто повеќе за блогерството, но и општо за трендовите, модата и за нејзиниот стил.

Модата е твоја голема љубов. Кога стана свесна дека токму тоа е она со што би сакала да се занимаваш во твојот живот?

ADVERTISEMENT

Уште пред да тргнам во школо цртав девојки и фустани кои ги осмислував до детали. Свесно одлучив во средно, кога требаше да бирам што ќе студирам, го одбрав тоа што го сакам

Важиш за девојка која со својата автентичност се издвојуваш од другите наши модни блогерки. Како би го опишала својот стил, каде најчесто ги пронаоѓаш парчињата што ги носиш и од каде се инспирираш?

Сакам да комбинирам модерни и винтиџ парчиња. Од таа причина роварам по секнд хенд продавниците во скопје. Мислам дека Еден специфичен елемент е доволен за аутфитот да изгледа добро, сепак нема стриктна формула – за автентичен стајлинг најпотребен е сенс.

Што мислиш дали со тек на време модните блогови се подигнаа на повисоко ниво или ситуацијата е обратна? И што според тебе треба да содржи еден блог за да биде добар и да се разликува од останатите?

Веќе два месеца блогот, кој што го водев со Искра Младеновска, aestheticsil не функционира. За да опстане еден блог потребен е голем труд т.е контиунирано вложување во содржината.

Денес конкуренцијата е голема, тоа секако го крева стандардот, а редовното постирање и специфичниот пристап го олеснуваат процесот за успех

Кој е твојот омилен блог од светската модна сцена?

Ivana Carpio oд love_aesthetics ja следам и обожавам бидејки не попушта и го фура истиот филм со години.

 

Неколку Инстаграм профили што редовно ги следиш?

Mikey _Estrada, evkeisnothome, stephanie_sarlie

Што правиш кога имаш слободно време и не си на компјутер?

Играм во диско

Дали можеш да се замислиш себе во улога на манекенка?

Не, не ги исполнувам стандардите

Кое ти е омиленото парче во твојот плакар на кое постојано му се навраќаш?

Kорсетот кој го носам на фотографиите, по неколку сезони го враќам пак , секогаш во ново светло

Што е најважно според тебе кога се во прашање негата и убавината? Без кои производи не можеш да го замислиш твојот ден?

Бидејки има преголем избор на производи, за мене најбитно е да се најде вистинскиот производ за одреден тип на кожа. препорачувам и стручна помош од дерматолог, бидејки со експериментирање некогаш сами си предизвикуваме воспаленија и други проблеми. Многу долго го користам скработ од Your secret crush, а обожавам и маска за лице од зелена глина

Бидејќи често носиш тренди парчиња што самата ги дизајнираш и креираш, би сакале да слушнеме како изгледа од твој агол оваа сезона есен-зима 2018? Кои се трендовите што би ги советувала девојките и жените да ги следат во следниве месеци за да изгледаат кул и да бидат во чекор со модата?

Нека се инспирираат од деведесетите, се што било кул тогаш, сега повторно е.

Кои се твоите планови за во иднина?

Планирам да си посветам повеќе време на себе.

Фото: Ерина Богоева

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed